Саксонија (вински регион)
Саксонија (Sachsen) — регион на квалитетнот вино во Германија, кој се наоѓа во германската сојузна покраина Саксонија. Регионот е понекогаш нарекуван и како the Elbtal (Елпска Долина). Винскиот регион покрива област од 462 хектари,[1] што го прави третиот најмал регион во Германија по површина. Се наоѓа долж реката Елба од селото Пилниц на Дрезден до селото Дизбар-Зојслиц северно од Мајсен.[2] Заедно со винскиот регион Зале-Унштрут, Саксонија е еден од најсеверните вински региони во Европа и е единствениот од двата региони во Германија, кои се наоѓаат во поранешната Источна Германија.[3] По повторното обединување на Германија во 1990, површината на лозјата била зголемена од 200 на 450 хектари со поддршка од Европската Унија,[2] но во последните години оваа бројка е малку намалена.
Историја
уредиОбласта на Саксонија има долга традиција за правење вино со докази за винска култура во регионот кои потекнуваат од 1161 во Мајсен.[3]
Клима и географија
уредиСо местоположба во југоисточна Германија, близу граниата со Чешка, регионот има континентална клима, која е под влијание на Елба. Гранитот и гнајсот се основата на почвата во областа и се слични со австрискиот вински регион Вахау.[3]
Лозја и вина
уредиСортата Müller-Thurgau е водечка во областа и се одгледува на 85 хектари и 18,4% (бројки од 2008)[1] следено од Riesling со 14,5% и Weissburgunder (Пино бланк) на 11,9%. Поголемиот дел од производството на вино, околу 90%, отпаѓа на суво вино.[3]
Најмногу посадени сорти на грозје по површина во 2008 биле:[4]
|
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „German Wine Institute: German wine statistics 2009/2010“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-26. Посетено на 2012-09-11.
- ↑ 2,0 2,1 „Wein.de (German Agricultural Society): Saxony“. Архивирано од изворникот на 2007-10-30. Посетено на 2012-09-11.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 J. Robinson (ed) "The Oxford Companion to Wine" Third Edition pg 599 Oxford University Press 2006 ISBN 0-19-860990-6
- ↑ Agricultural land use - Areas under vine. Wiesbaden, Germany: Statistisches Bundesamt. 2008. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2012-09-11.