Саат-кула (Тетово)
(Пренасочено од Саат кула (Тетово))
Саат кулата во Тетово била изградена од Мехмед паша пред 1608 година. Тоа била монументална градба со квадратна основа, која преминувала во многуаголна и завршувала со интересен покрив. Таа го красела градот до 1933 година кога била урната поради дотраеноста[1]. Постои иницијатива за возобновивање на кулата.[2]
Наводи
уреди- ↑ Димовска -Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
- ↑ Ефтоски, Гојко (1 февруари 2010). „Турска помош за Саат-кулата“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2010-04-04. Посетено на 2011-03-26.