Руски лавиринт (кована пара)


Руски лавиринткована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.

Руски лавиринт
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 50,45 г
Димензии 47 мм
Облик кружен
Издадена 2017
Цена 4.300 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина

уреди

На опачината, во средишниот дел е прикажан лавиринтот кој се наоѓа во Долната градина во Петровиот дворец (Петерхоф) во Русија со фонтана во средината и Петровиот дворец во позадина. На двете страни од лавиринтот се претставени портрети. На левата страна е прикажана статуа на Петар Велики – творец на лавиринтот во Петровиот дворец, а на десната страна - статуа на Ана Ивановна, која ја продолжила работата на Петар Велики. Во средишниот дел на кованата пара се наоѓа натписот „RUSSIAN LABYRINTH“. Исто така, прикажани се натписите: „Peter the Great“ и „Anna Ioannovna“ (околу кованата пара, по должината на периметарот) и ознаката „Ag925“ во долниот дел од кованата пара.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Руски лавиринт". Посетено на 8 јануари 2018.