Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Руса трева
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација
Царство: -{Plantae}-
Оддел: -{Magnoliophyta}-
Класа: -{Magnoliopsida}-
Ред: -{Ranunculales}-
Семејство: -{Papaveraceae}-
Род: -{Chelidonium}-
Вид: -{C. majus}-
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научен назив
-{Chelidonium majus}-
-{L.}-
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | СинонимиПредлошка:ThePlantListПредлошка:ThePlantList
  • -{Chelidonium cavaleriei H.Lév.}-
  • -{Chelidonium dahuricum DC.}-
  • -{Chelidonium grandiflorum DC.}-
  • -{Chelidonium haematodes Moench}-
  • -{Chelidonium laciniatum Mill.}-
  • -{Chelidonium luteum Gilib. nom. inval.}-
  • -{Chelidonium murale P.Renault}-
  • -{Chelidonium olidum Tarscher. ex Ott}-
  • -{Chelidonium quercifolium Willemet}-
  • -{Chelidonium ruderale Salisb.}-
  • -{Chelidonium umbelliferum Stokes}-
руса трева
Научна класификација
Царство:
Дивизија:
Класа:
Ред:
Породица:
Род:
Врста:
Биномно име


Синоними[1][2]

Русa трева лат (Chelidonium maius L.) (росопас, жолта трева, лишавица, змиско млеко, змиско грозје,божји дар, Маријанина трева) Во различни краишта билката различно се нарекува.

Опис на растението

уреди

Повеќегодишно тревно растение со исправено стебло обраснато со остри испакнати влакна. Коренот е добро развиен, фиброзен. Стеблото е исправено, разгрането, покриено со влакненца, високо околу половина метар.[3] Листовите се големи, чудно непарно поделени, сиви и влакнести на задната страна. Долните листови се со дршка, а горните се (седечки). Цветовите се жолти, собрани на врвовите на стебленцата во ретки штитови соцветие. Цветниот период е од април до август, листовите од королата и чашката лесно паѓаат, а има и голем број прашници. Круната има 4 [4] листови. Плодот е издолжен како мешунка со многу семиња. Сите делови на растението содржат отровен сок од жолто-портокалова боја.

Област на распространетост

уреди

Го има во Европа и западна Азија.

Живеалиште

уреди

ливади, шуми, покрај патишта, двор. . .

Лековит и хемиски состав

уреди

Жолтиот сок од руса трева содржи голем број на различни алкалоиди, од кои некои се поврзани со опиумот. Коренот е најбогат со алкалоиди (до 3%), додека помалку се наоѓа во стеблото - до 1%. Поради присуството на голема количина на алкалоиди, многу фитотерапевти сметаат дека ова растение е отровно и погодно само за надворешна употреба. Токсичноста главно произлегува од алкалоидот хелелитрин. Покрај алкалоидите, содржи и сапонини, органски киселини (хелидонска, лимонска, јаболкова итн. ), флавоноиди, протеолитички ензими (разградуваат белковини) итн.

Употреба

уреди

Руса трева се користи за лекување на стомачни болки, заболувања на црниот дроб ( хепатитис ), за усогласување на работата на дигестивниот систем, а делува и на бактериите, особено на грам-позитивните. Има податоци и за цитостатичното дејство на ова растение, па неговиот жолт соктрадиционално се користи за отстранување на брадавици, плускавци, лишаи, егзема и други промени на кожата. Се користи и во народната медицина за третман на тумори и промени во женските генитални органи (тумори, фиброиди, рани, воспаленија и сл.) ) како чај и средство за плакнење.

Треба да бидете многу внимателни кога користите руса трева. За внатрешна употреба се користи само сушеното растение, со паузи: се користи три недели, а една се паузира. Дневната доза на добро исушено растение е 2-4, а во овие терапевтски дози не постои можност за труење. Може да се појави повраќање, дијареа и абдоминална болка. . . Дермалната апликација може да предизвика алергиски реакции.[5]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Chelidonium minus L.”. World Checklist of Selected Plant Families (WCSP). Royal Botanic Gardens, Kew — преко The Plant List. 
  2. Chelidonium majus subsp. grandiflorum (DC.) Printz”. World Checklist of Selected Plant Families (WCSP). Royal Botanic Gardens, Kew — преко The Plant List. 
  3. Hand-list of orchids, cultivated in the Royal Botanic Gardens. London: Printed for H.M. Stationery Off. by Darling. 1904.
  4. „Figure 1: Chelidonium majus“. dx.doi.org. Посетено на 2022-02-22.
  5. „Rosopas (Chelidonium majus)“. Plantea (хрватски). 2014-11-26. Посетено на 2019-09-04.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди