Рупертовиот Залив - голем залив кој се наоѓа на југоисточниот брег на Џејмсовиот Залив, во Канада. Иако крајбрежјето е дел од покраината Квебек, водите на заливот се под јурисдикција на територијата Нунавут.[2]

Rupert Bay
Координати51°35′01″N 78°59′58″W / 51.58349° СГШ; 78.99942° ЗГД / 51.58349; -78.99942
Океански/морски извориХадсонов Залив
Сливни земјиКанада
Најг. должина32[1] км
Најг. ширина16 км
Надм. височина0 м

Географија

уреди

Овој залив има ширина од 16 км и должина од 32 км. Тој е најголемиот воден огранок на Џејмсовиот Залив. Реките Руперт, Нотавеј и Бродбек течат во овој залив.[3] Криевото село Васкаганиш е на источниот брег на заливот.

Наводи

уреди
  1. Document "Connaissance du milieu des territoires de la Baie James et du Nouveau-Québec", Société d'énergie de la Baie James, 1978
  2. „Place names - Rupert Bay“. Geographical Names Board of Canada (англиски). Government of Canada, Natural Resources Canada, Earth Sciences Sector, Canada Centre for Mapping and Earth Observation. Посетено на 1 August 2017.
  3. Предлошка:Toponymie