Рудник Наика е рудник во мексиканската држава Чивава. Се наоѓа во градот Наика (Саусило). Наика е рудник на олово, цинк и сребро и е најпознат по своите извонредни кристали на селенит.[1][2] Рудникот е управуван од Industrias Peñoles, најголемиот водечки производител во Мексико.[3][4][5] За време на рударските операции, откриена е Пештерата на кристалите во која кристалите на селенит (гипс) достигнуваат должина од над 10 метри и дијаметар од повеќе од 2 метри. Во октомври 2015 година, компанијата Peñoles најави дека ќе ја прекине работата во рудникот на неопределено време поради неконтролираните поплави во пештерите.[6]

Температурата во пештерите достигнува 58 °C, а влажноста на воздухот е над 90%, што го отежнува дишењето и го зголемува ризикот од задушување, па незаштитените истражувачи можат да останат во пештерата најмногу 10 минути. Секоја подолга посета на пештерите бара употреба на специјализирано одело со довод на кислород.

Кристалната пештера

уреди

Кристалната пештера е пештера во варовнички карпи на околу 300 метри под површината на земјата. Внатре во пештерата има џиновски кристали од селенит, од кои некои се најголемите природни кристали некогаш пронајдени.[7][8] Кристалите биле формирани од хидротермални води кои произлегуваат од подлабоките магма комори. Должината на најголемиот досега пронајден кристал е 11 метри, неговиот дијаметар е 4 метри, а тежи околу 55 тони. Температурата на воздухот во пештерата е исклучително висока и достигнува 58 степени °C со влажност од 90 до 99 проценти.[9]

Пештерите се затворени за јавноста и тоа тешко дека ќе се смени, особено откако еден од работниците во рудникот се обидел да влезе во пештерата и да украде дел од селенитот, но се задушил и починал во влажната и непријатна атмосфера на пештерата.[10] Откако ќе се направат доволно истражувања за кристалите, некои од коморите ќе бидат напуштени за да се поплават и ќе го продолжат процесот на растење на кристалите.

Пештера на мечеви

уреди

Пештерата на мечевите е уште една пештера во рудниците Наика која исто така содржи селентни кристали, но многу помали, во должина до еден метар. Причината за нивната помала големина е тоа што тие се геолошки многу помлади кристали, а оваа пештера е откриена во 1910 година. години.[8]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. García-Ruiz, Juan Manuel; Villasuso, Roberto; Ayora, Carlos; Canals, Angels; Otálora, Fermín (2007). „Formation of natural gypsum megacrystals in Naica, Mexico“. Geology. 35 (4): 327. doi:10.1130/G23393A.1. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  2. Van Driessche, A. E. S.; Garcia-Ruiz, J. M.; Tsukamoto, K.; Patino-Lopez, L. D.; Satoh, H. (2011). „Ultraslow growth rates of giant gypsum crystals“. PNAS. 108 (38): 15721–6. doi:10.1073/pnas.1105233108. PMC 3179101. PMID 21911400.
  3. "Peñoles, the world's top producer of refined silver", Corporate profile, Retrieved June 15, 2019
  4. Maple mine, known also as Naica, "under Peñoles control since 1964.", Corporate mining operations, Retrieved June 15, 2019
  5. „The Naica Mina“. Архивирано од изворникот на 25 ноември 2010.
  6. „Penoles suspends operations at Naica mine in northern Mexico“. Reuters. Архивирано од изворникот на 27 ноември 2015. Посетено на 14 октомври 2015.
  7. „National Geographic, 2008. Cavern of Crystal Giants“. Архивирано од изворникот на 2008-10-12. Посетено на 2023-01-15.
  8. 8,0 8,1 National Geographic, 2007. Giant Crystal Cave's Mystery Solved
  9. „Giant Crystal Cave Comes to Light“. Посетено на 7 февруари 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. http://www.earthmagazine.org/article/danger-and-wonder-nat-geos-giant-crystal-cave

Надворешни врски

уреди