Рострална вентролатерална медула

Ростралната вентролатерална медула (RVLM), позната и како пресорна област на медулата, е мозочен регион кој е одговорен за базалната и рефлексната контрола на симпатичката активност поврзана со кардиоваскуларната функција.[1] Абнормално покачената симпатична активност во RVLM е поврзана со различни кардиоваскуларни заболувања, како што се срцева слабост и хипертензија.[1] RVLM е особено вклучен во барорецепторниот рефлекс (барорефлексот).

Добива инхибиторен ГАБА-ергичен влез од каудалната вентролатерална медула (CVLM). RVLM е примарен регулатор на симпатичкиот нервен систем ; тој испраќа катехоламинергични проекции до симпатичните преганглионски неврони во интермедиолатералното јадро (лат. Ncl. intermediolateralis) на ’рбетниот мозок преку ретикулоспиналниот тракт.[2]

Физостигмин, инхибитор на холин-естераза, ги зголемува ендогените нивоа на ацетилхолин и предизвикува зголемување на крвниот притисок со стимулација на RVLM.[3] Орексинергични неврони од латералниот хипоталамусот проецираат во RVLM.[се бара извор]

Поврзано

уреди
  • Вазомоторен центар

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „(In)activity-related neuroplasticity in brainstem control of sympathetic outflow: unraveling underlying molecular, cellular, and anatomical mechanisms“. Am. J. Physiol. Heart Circ. Physiol. 309 (2): H235–43. May 2015. doi:10.1152/ajpheart.00929.2014. PMC 4504968. PMID 25957223. Specifically, we focus on changes in the rostral ventrolateral medulla (RVLM), a critical brain region for basal and reflex control of sympathetic activity. The RVLM is implicated in elevated sympathetic outflow associated with several cardiovascular diseases including hypertension and heart failure
  2. Stewart, Patricia A.; Akesson, E. J. (1997). Autonomic nerves : basic science, clinical aspects, case studies. Raleigh, North Carolina. ISBN 978-1-60795-956-4. OCLC 1030303150.
  3. Medullary pressor area: site of action of intravenous physostigmine[мртва врска]