Роналд Антонио „Рони“ О'Саливан (англ. Ronnie O'Sullivan, р. 5 декември 1975 во Вордсли) — професионален англиски снукерист познат по својот стил на брза игра поради што и го добил прекарот „Ракетата“ (The Rocket). Тој e светски првак во пет наврати на Светското првенство во снукер кое се одржува традиционално на крајот од сезоната во Шефилд. Тој беше победник во 2001, 2004, 2008, 2012 и 2013 година, и е втор на сите времиња по заработка во кариерата, со околу 7 милиони фунти, тој е само зад Стивен Хендри. О'Саливан бил светски играч број 1 на пет наврати, има освоено вкупно 24 рангирани турнири, и е втор, повторно зад Хендри. На списокот на играчи со најмногу трицифрени пробиви е на првото место со 824. О'Саливан е рекордер со 13 максимални пробиви од по 147 бода во професионалната конкуренција, а исто така го држи рекордот за најбрз максимален пробив од 5 минути и 20 секунди.

Рони О'Саливан
Ronnie O'Sullivan
О'Саливан во 2012 г.
Роден5 декември 1975(1975-12-05)(48 г.)
Вордсли, Англија
Земја Англија
Прекар
  • Ракетата[1]
Професионален ангажман1992–
Највисок ранг1
Вкупна заработка£6.739.447 (до крајот на 2008/2009)[2]
Највисок пробив147 (12 пати)
Трициф. пробиви748 (5 мај 2014)[3]
Турнирски победи
Ранг25
Нижи турнири2
Други турнири23
Светски првак2001, 2004, 2008, 2012, 2013, 2020, 2022
ronnieosullivan.tv

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Player List – Ronnie O'Sullivan“. worldsnooker.com. Светско здружение за професионален билијард и снукер. Архивирано од изворникот на 2010-12-06. Посетено на 2013-05-07.
  2. „Ronnie O'Sullivan“. Eurosport UK. 2009. Архивирано од изворникот на 2009-02-20. Посетено на 20 февруари 2010.
  3. Conlon, Tommy (6 мај 2012). „Brittle genius discovers vindication in his own serenity“. Irish Independent. Independent.ie. Архивирано од изворникот на 9 мај 2012. Посетено на 9 мај 2012.

Надворешни врски

уреди