Ромул и Рем (Рубенс)
Ромул и Рем ― слика на фламанскиот уметник Петер Пол Рубенс. Сместена е во Капитолските музеи во Рим, Италија. На неа се прикажани браќата Ромул и Рем, кои биле чувани од волк. На сликата е прикажан и богот на реката Тибар како седи на неговата урна, клукајдрвец кој ги надгледувал близнаците за да им донесе храна и пастир кој ги открил доенчињата.
Творец | Петер Паул Рубенс |
---|---|
Година | 1615–1616 |
Димензии | 210 см × 212 см |
Место | Капитолски музеи, Рим |