Романски народен крст за спас
Романскиот народен крст за спас — монументален крст во Ниспорени, Молдавија. Крстот е висок 35 метри и е најголемиот крст во Молдавија.[1][2]
Романски народен крст за спас Crucea Mântuirii Neamului Românesc | |
---|---|
Координати | 47°04′11″N 28°12′04″E / 47.06972° СГШ; 28.20111° ИГД |
Место | ридот Згихара, Ниспорени |
Материјал | челик |
Висина | 35 метри |
Започнат | 2010 |
Завршен | 2011 |
Отворен | 28 август 2011 |
Конструкција
уредиСпоменикот вил изграден во 2011 година на ридот Згихара (Деалул Згихара) на надморска височина од 316 метри. Ридот Згихара е еден од највисоките ридови во Молдавија. Монументалниот крст е осветлен со ЛЕД диоди во текот на ноќта и крстот е видлив на десетици километри.[3]
Споменикот бил отворен на 28 август 2011 година од Петар, митрополит на Бесарабија, Теофан Саву (архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина) и Корнелиу Барладеанул Онила (викар архипрелат на епископијата Хуши). Повеќе од 800 учесници се приклучиле на церемонијата на отворањето на 28 август 2011 година, меѓу кои билеː Михаи Гимпу, Мариус Лазурка, Дорин Чиртоака, Јон Унгуреану, Валериу Сахарнеану, Вејчеслав Шабулеак, Васили Адам.[4] [5] Споменикот се наоѓа во близина на манастирот Варзарести.
Романскиот крст за спас на народот бил изграден со јавна донација која чинела 1.300.000 молдавски леи.[6] Книга, која содржи над 200 страници и околу 100 фотографии во боја, ги забележала сите оние кои придонеле за проектот за споменикот.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Crucea Mântuirii Neamului Românesc a fost inaugurată (FOTO)“ (Romanian). infoprut.ro. Архивирано од изворникот на 2012-06-30. Посетено на 2012-02-16.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Crucea mântuirii neamului Românesc“ (Romanian). Moldova 1. Посетено на 2012-02-16.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Crucea Mântuirii Neamului Românesc vizibilă pe o rază de câteva zeci de km
- ↑ EVENIMENT. RIDICAREA CRUCII "MÂNTUIREA NEAMULUI ROMÂNESC" LA NISPORENI, Rep.MOLDOVA
- ↑ Sculptorul Vasile Adam: „Noi obişnuim să vedem lucrurile cu ochiul al treilea…”
- ↑ Publika TV, Crucea Mântuirii Neamului Românesc inaugurată la Nisporeni. Are 35 de metri înălţime
- ↑ Crucea Mântuirii Neamului Românesc: O carte eveniment
Библиографија
уреди- Марија Дохотару, Crucea Mântuirii Neamului Românesc de la Nisporeni, Басарабија, Editura Magic Print, Oneşti, 2012 година. }
Надворешни врски
уреди- Молдавија 1, TRM Crucea mântuirii neamului Românesc
- Pro TV, Crucea Mantuirii Neamului Romanesc sa inaltat la Nisporeni
- Adevărul Moldova, La Nisporeni a fost sfinţită „Crucii Mântuirii Neamului Românesc“
- Ziarul de Gardă, Crucea Mântuirii Neamului a fost installată la Nisporeni
- Unimedia, Crucea Mântuirii Neamului Românesc înălțată la Nisporeni
- Тимпул, скулптор Василе Адам: „Ној обишнуим să vedem lucrurile cu ochiul al treilea…“