Ролс-Ројс Рејт

(Пренасочено од Ролс-Ројс Призрак)

Ролс-Ројс Рејт (англиски: Rolls-Royce Wraith) — автомобил на Ролс-Ројс, прозиведуван во фабриката во Дерби од 1938 до 1939 г. и од посебни каросеристи на основа на нивната шасија.

Ролс-Ројс Рејт
Rolls-Royce Wraith
Рејт од 1939 г.
ПроизводителРолс-Ројс
Период1938-1939
произведени 492[1]
Претходник25/30
НаследникСилвер Рејт
Мотор4257 см³, праволински 6-цилиндричен
Пренос4-брзински мануелен
Меѓуос. раст.3.45 m
Должина5,15 mм[1]
Ширина1,87 м[1]
Тежина1,9 т

Моторот бил честцилиндричен праволиниски со работна зафатнина од 4257 см³, заснован на моторо на 25/30 но имал поинаква цилиндрова глава. Четирибрзинскиот менувач бил синхронизиран на втора, трета и четврта брзина и сѐ уште бил од традиционалната десна страна.[1]

Рејт имал независна амортизација на спирални пружини напред, заснована на Пакард 120, додека назад сѐ уште користел полуелиптични лиснати пружини. Хидрауличните придушувачи напред биле регулирани од водилка и така степенот на пригушување варирал со брзината на автомобилот. Со тоа Рејт бил подобар од својот претходник 25/30 H.P. и на исто рамниште со Фантом III. Автомобилот сѐ уште се изработувал на засебна шасија, но сега таа се заварувала, наместо да се прицврстува со навртки како порано. Барабанските кочници биле со механичко серво, со погон патентиран од Хиспано-Суиза и изработуван од Ролс-Ројс под лиценца. Тркалата биле жичени со пречник од 43 cm, со тоа што жиците обично биле покриени со отстранливи дискови. Автомобилот имал вграден хидрауличен систем управуван од рачка под седиштата.

Автомобилот достигнувал брзина од 137 км/ч, но ова во голема мера зависело од тежината на автомобилот и стилот на каросерија. Според тест на списанието „The Motor“ во октомври 1938, автомобилот развивал 0-50 ми/ч (80 км/ч) за 16.4 секунди.

Во 1938 шасијата чинела £1100, а типичниот целосен автомобил чинел £1700 (околу £77,800[2] или €101,800 во 2007). Биле произведени 492 шасии.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 The Rolls-Royce Motor Car. Anthony Bird and Ian Hallows. Batsford Books. 2002 ISBN 07134 8749 6
  2. Денешна вредност на фунтата од 1938[мртва врска] (англиски)

Поврзано

уреди