Рогалин (заштитено подрачје)
Рогалин (на полски Rogaliński Park Krajobrazowy) — заштитено подрачје на природата западно-средишниот дел на Полска кое зафаќа површина од 126,4 км², вклучувајќи два природни резервати. Паркот се наоѓа во рамките на Големополското војводство, во Познанската област и округот Шрем. Се протега долж бреговите на реката Варта и го носи своето име од селото Рогалин, кое е познато по својата историска палата на семејството Рацински и дабовите дрвја.
Заштитено подрачје Рогалин | |
---|---|
Rogaliński Park Krajobrazowy | |
МСЗП — Категорија V (заштитен копнен/морски предел) | |
Глетка на стари дабови на изгрејсонце | |
Место | Големополско Војводство |
Координати | 52°14′N 16°56′E / 52.233° СГШ; 16.933° ИГД |
Површина | 126.4 км2 |
Околу 2000 прекрасни дабови се наоѓаат на бреговите на реката Варта во близина на Рогалин, меѓу бројните крајречни езера. Тоа е најголемата група на монументални дабови дрвја во Европа. Нивните стебла достигнуваат обем до 9 метри, а сите оние кои достигнуваат повеќе од 2 метри во обемот се заштитени со закон.