Роберт Пломин /Robert Plomin/ (роден 1948 г. во Чикаго, Илиноис, САД) е американски психолог, најпознат по своите студии на близнаци и истражувања во бихевиоралната генетика. Пломин открива две од најважните откритија во таа област. Прво, укажа на важноста на несподелената средина, негова кованица со која ги објаснува срединските причини зошто децата пораснати во исто семејство се толку различни. Второ, покажа дека многу мерења на срединските фактори во психологијата укажуваат на генетски влијанија и дека генетските фактори може да посредуваат во поврзаноста помеѓу срединските мерења и развојните резултати.

Фотографија од Роберт Пломин

Дипломирал психологија на Универзитетот ДеПол (DePaul University) во 1970 г., а докторирал во 1974 г. на Тексашкиот универзитет во Остин (University of Texas, Austin). Потоа работел на Институтот за бихевиорална генетика при Колорадо универзитетот во Болдер (University of Colorado at Boulder). Од 1986 до 1994 работел на Пенсилванискиот државен универзитет (Pennsylvania State University) каде испитувал постари близнаци кои пораснале одвоено и близнаци кои растеле заедно за да го проучува стареењето. Моментално работи на Кралскиот колеџ во Лондон (King's College London) при Институтот за психијатрија.

Пломин моментално спроведува студија за раниот развој на близнаците во која се вклучени сите близнаци родени во Англија помеѓу 1994 и 1996 година фокусирајќи се на развојните застои во раното детство и нивната поврзаност со проблемите во однесувањето.[1]

Претседател е на Асоцијацијата за бихевиорална генетика. Во 1994 г. беше еден од 52 потписници на "Mainstream Science on Intelligence,[2]" билтен чиј автор е Линда Готфредсон издаден во Wall Street Journal каде се потврдува консензусот меѓу потпишаните научници за прашањата поврзани со истражување на интелигенцијата по издавањето на книгата The Bell Curve.

Негови најпознати книги се Behavioral Genetics in the Postgenomic Era (2003) и Behavioral Genetics, 6th ed. (2012).

Литература

уреди
  1. Ghosh, Pallab (8 August 2000). Genius of genes. BBC News
  2. Gottfredson, Linda (December 13, 1994). Mainstream Science on Intelligence. Wall Street Journal, p A18.

Надворешни врски

уреди