Ричард Клајдерман

Ричард Клајдерман (француски: Philippe Pagès, роден на 28 декември 1953 во Париз) — светски познат пијанист.

Ричард Клајдерман
Richard Clayderman
Животописни податоци
Родено имеФилип Паже
Роден(а)28 декември 1953
Париз, Франција
Занимањапијанист
ИнструментиПијано
Период на активност1976-сè до денес
Мреж. местоhttp://www.clayderman.co.uk/

Започнал да учи да свири на пијано на 6 години, благодарение на тоа што неговиот татко бил учител по пијано. Се запишал на музички конзерваториум во Париз на 12 години, а 4 години подоцна го завршил. Во тоа време му претскажале блескава кариера како класичен пијанист, но тој решил да се занимава со современа музика.

Животот му се променил радикално во 1976 година, кога ја снимил првата популарна песна „Балада за Аделина“, компонирана од францускиот музички продуцент Пол де Сеневил. Таа станала исклучително успешна, продадена е во 22 милиона копии во 38 земји.

Оттогаш Клајдерман снимил над 1.000 мелодии, со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивци во светот, со продадени над 70 милиони албуми. На врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена.

Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични исполненија на пијано. Најчесто изведува композиции на Бетовен, Шопен и Моцарт.

Надворешни врски

уреди