Ригодон (роман на Селин)

„Ригодон“ - роман на францускиот писател Луј-Фердинан Селин, објавен во 1969 година.

Содржина

уреди

Осврт кон делото

уреди

„Ригодон“ е последното дело на Селин, кој утрото, 1 јули 1961 година, ја известил својата сопруга дека штотуку ја завршил втората верзија на романот, потоа напишал писмо до издавачот Галимар, а истиот ден, околу 18 часот, умрел. Во истоимениот есеј, францускиот критичар Ален Арди пишува дека зборот „ригодон“ зазема клучно место во опусот на Селин и се поврзува за три семантички полиња: полето на животност, радост; полето на движењето кое го опфаќа и танцот ригодон; идејата на смртта - прецизен погодок во центарот на метата. Ако се вкрстат второто и третото поле се добива ново значење на зборот, а тоа е „мртовечки танц“. Животноста, движењето со кое таа се изразува и смртта се трите централни теми во творештвото на Селин. Смртта е сеприсутна во неговото дело, таа е кралица на просторот и времето, таа е присутна секаде и секогаш. Селин како лекар постојано бил во допир со смртта, тој ја видел „илјада и илјада пати“ и долго време бил мисловно задлабочен во нејзината тајна, а истовремено ја проколнувал, неспособен да ѝ се спротивстави на чудната потчинетост кон неа.[1]

Наводи

уреди
  1. „Dodatak II: Hronologija“, во: Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći (drugi deo). Beograd: LOM, 2019, стр. 271-272.