Речник на Ѓошо Колев
„Речник на Ѓошо Колев“ — ракописен грчко-македонски речник, составен врз основа на воденското наречје кон крајот на XIX век.[1][2]
Земја | Османско Царство |
---|---|
Јазик | македонски, грчки |
Автор на речникот е свештеникот Ѓошо Колев од мегленското село Лесково, кој го составувал ракописот од 1875 до 1893 година. Колев учел во Негуш и Балџа[2] и не го познавал книжевниот грчки јазик, но течно го зборувал народниот грчки јазик. Речникот е напишан со грчки букви и претставува богата збирка лексички особености на јужномакедонското говорно подрачје. Тој има посебна вредност по тоа што не е поврзан со ниту еден книжевен извор и го прикажува воденското наречје во изворен облик.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Андоновски, Христо (1971). Вистината за Егејска Македонија. Скопје: Мисла. стр. 9.
- ↑ 2,0 2,1 Младеновъ, Кирилъ (1936). Областьта Мегленъ въ Македония. Историско-етнографски прегледъ и народностни борби. Софија. стр. 40.