Ретривер со рамно крзно

Ретривер со рамно крзно е раса со потекло од Велика Британија. Се развивала како ретривер и на земја и во вода. Овие кучиња се извонредни придружници на семејството, врзувајќи се со секој член од семејството. Споредено со другите спортски раси, овие кучиња релативно малку се активни кога се внатре, но надвор можат да трчаат и играат подолг период, без да се заморат. Доколку им е пружено малку вежбање, придружва и ментална стимулација, можат да станат доста деструктивни во домот, особено ако се оставаат сами на подолг периот. Тие се одлични со деца, но можат да бидат и премногу напорни за мали деца. Социјализација како и дресура е неопходна уште од мала возраст. Куче од оваа раса со добра дресура и социјализација, претставува оптимистично и ентузијастично куче кое нон-стоп покажува љубов и пријателство кон секого.

Flat-Coated Retriever (Ретривер со рамно крзно)
Црн Flat-Coated Retriever
Потекло Велика Британија
Особености
Тежина Мажјак 27 - 36 кг
Женка 25 - 32 кг
Висина Мажјак 59 - 61 cm
Женка 56 - 59 cm
Крзно Мазно и сјајно
Боја Црна и џигер боја
Животен век 8 - 10 години
куче (Canis lupus familiaris)

Опис

уреди

Надворешен изглед

уреди

Според стандардот, мажјаците од оваа раса треба да бидат 59 – 61 cm високи на гребенот, додека женките се 56 – 59 cm високи , со препорачлива тежина од 27 – 36 кг за мажјаци и 25 – 32 кг за женки. Овие ретривериж имаат силни вилици и релативно долга муцка, која е потребна за носење птици. Нивната глава е уникатна и се опишува како "едноделна" со минимален стоп и задниот дел на главата речиси долг колку и муцката. Тие имаат темни очи во форма на бадем кои даваат пријателски и интелигентен израз. Ушите висат надолу, релативно мали и се наоѓаат близу главата. Тилот не треба да биде нагласен (како кај сетерите, на пример) со тоа што главата се влева во вратот со добар лак. Грбот е цврст и рамен со опашка со долго крзно, која има средна должина и се држи рамно со грбот. Тие треба да имаат добри предни и задни агли, кои им дозволуваат да се движат без многу напор. Тие се полесни, поелегантни и побрзи од другите ретривери.

 
Овие кучиња се одлични ретривери и на копно и во вода.

Крзно

уреди

Бојата на ова раса е или целосно црна или целосно џигер бој (темнокафена боја). Ретко се случува бојата на крзното да е целоно жолта, но ова е дисквалификација, и е надвор од стандардот на расата. Но, тоа не значи дека кучето не здрав, само не е прифатено од страна на стандардот. Сепак, овие кучиња (жолти и крем боја) можат да се натпреваруваат во теренски и натпревари за послушност. Единечното крзно (нема подкрзно) е од средна должина, густо и сјајн, пожелно е да е рамно, но нежни бранови се дозволени. Крзното треба да е подолго на краевите на нозете, градите, долниот дел од релото, опашот и стапалата.

Темперамент

уреди
 
Црна е најчестата боја, но тие можат да бидат џигер боја (темнокафена)

Овие кучиња се опишуваат како посветени, пријателски настроени и весели кучина, идеални придружници со силна врска со нивните сопственици како и останатите членови на семејството. Тие се вешти ловџиски кучиња, било да се работи за копно или вода, тие се птичари, способни се за обележување на уловени птици, и генерално ги извршуваат сите задачи кои треба да се очекуваат од куче со многу употреби. Иако се многу помалку познати од Лабрадор Ретривер и Златен ретривер, тие имаат придобивка од недостатокот на популарност, со тоа што уживаат побезбедно размножување и подобро одржување нивните способности за работа.

 
Тие обожаваат вода.

Оваа раса обожава да задоволува, но можно е да се малку потешки за тренирање од златните ретривери и лабрадорите. Брзо им стануваат досадни техниките на тренирање кои се повторуваат. И поради тоа, најдобро е тренинзите да бидат позабавни, разновидни, и релативно кратки за кучето. Тие се многу осетливи и најдобро реагираат со позитивна поддршка. Тие не толерираат строго ракување или исправки.

Тие се познати како кучињата кои секогаш изгледаат оптимистично и нивната опашка секогаш мрда.Тие можат да се сложуваат со мачки, други кучиња, мали миленици, и странци. Но, поради својата весела природа, може да се случи ненамерно да бутнат мали деца. Социјализацијата и дресурата се строго препорачливи. Тие се познати по нивното демонстрирање на љубов, со тоа што тие често ги "бакнуваат" своите човечки пријатели. Тие исто така покажуваат необична навика со нивните кучешки пријатели т.н. "бакнеж" од страна на овие ретривери, каде што кучињата ги лижат своите муцки како вид на поздрав. Бидејќи тие се пријателски настроени со сите, работата како "куче чувар" ја вршат со минимално предупредување.

 
Кога се мокри и валкани, тие се навистина среќни кучиња

Тие се настроени да имаат огромна енергија, посебно кога се млади, и треба да имаат посебна нега за оваа енергија. Потребни им се многу активности и стимулација, физичка и ментална, во текот на нивниот живот. Некогаш ги нарекуваат "Петар Пан на кучињата" бидејќи тие никогаш не пораснуваат, однесувајќи се разиграно и како мали кученца дури и на постара возраст. Тие треба да бидат активен учесник на дневните активности на семејството, за да можат да водат среќен, и добро балансиран живот.

Историја

уреди
 
Типичен израз за оваа раса

Со потекло од средината на 19 век во Англија, оваа раса стекнала популарност како ловечки кучиња. Дел од неговите предци се сметаат дека се настанати од Северна Америка отсега изумрениот Водното куче на Св. Џон, но сепак оваа информација не може да се потврди. Се верува дека Канадски морепловци донеле Њуфаундленд на британските пристаништа и така тие навлегче во предците на оваа раса. Се верува дека биле додадени, кучиња како што е коли за да се зголеми способноста за тренинг, њуфаундленд за сила и сетер за појачана способност за мирисање. Првите примери од оваа раса се прикажани околу 1860, но крајниот вид бил основан само 20 години подоцна.

По неговото прикажување во САД, расата започнала брзо да придобива во популарност како ловечко куче, и од 1873 кога расата станала "стабилен вид" според AKC до 1915 кога официјално е призната како раса, бројот на кучињата е нагло зголемен. Сепак, малку подоцна, популарноста почнува да се намалува, тотално покриена од страна на златниот ретривер, кој всушност има дел од оваа раса, заедно со други раси. До крајот на Втората светска војна, имало толку малку примероци од оваа раса, што нејзиното преживување било несигурно. Како и да е , на почетоток на 1960-тите, внимателното одгледување ја вратило популацијата и расата придобила во популарност. Денес, оваа раса ужива скромна популарност и се движи напред како раса.

Сопствениците на оваа раса беа задоволни да го видат Almanza Far and Flyg (a.k.a. Simon), од Осло, Норвешка, како победува во својата група на познатата изложба Crufts in 2007. Пред тоа во 2003 шведскиот претставник од оваа раса "Inkwells Named Shadow" исто така победи во својата група. Последниот претставник на расата од Велика Британија кој победи во својата група на Crufts беше "Sh Ch Gayplume Dream-maker" во 2002. Единствениот од оваа раса кој освои Best In Show (најдобар на изложба) бил Shargleam Blackcap' во 1980. Овие победи придонеле за популаризација на расата во Европа.

Здравје

уреди

Регуларни тестови за дизплазија на колкови и редовни проверки на очите треба да се спроведуваат од страна на одгледувачи и оној кој чува вакво куче. Често се јавува епилепсија кај овие кучиња.Тие имаат поголем ризик за рак, за разлика од повеќето кучиња. Но, за разлика од повеќето кучиња со средна големина, нивниот ризик за дисплазија на колкови е доста помал.