Златен ретривер е кучешка раса. Тие биле историски развивани како кучиња кои служат да им помогнат на ловците при ловот на патки или други птици. Како такви, тие биле развивани да имаат мека уста за да можат да ги донесат патките од водата неоштетени.

Скелет на златен ретривер

Интелигенцијата на оваа раса им служи за повеќе намени: куче водич за слепите, куче кое слуша за глувите, ловечко куче, детектор на илегални дроги, и куче кое учествува во "барај и спаси" акциите. Со нивниот лојален и нежен темперамент, тие се исто така популарни домашни миленици.

Златните ретривери поседуваат дружељубивост и желен-да-задоволи маневар, и тие се 4-ти по ред најпопуларни домашни миленици во САД. Златните ретривери се многу мирни околу мали деца.

Темперамент уреди

Темпераментот на златните ретривери е заштитниот знак на оваа раса кучиња, и е генерално претставен како "љубезни, дружељубиви и верни". Тие не се кучиња верни само на еден човек (на својот сопственик) и генерално се еднакво мили со луѓе што ги знаат како и со непознати. Бидејќи се наивни, нежни и веруваат не се добри како кучиња чувари. Каква било форма на непровоцирана агресија или непријателство кон или луѓе, кучиња или други животни, е тотално неприфатлива за Златен ретривер и не се вклопува во одликите на овие кучиња, и оттука е наприфатлива и се смета за несвојствена. Ниту пак Златниот ретривер треба да биди незаинтересиран и нервозен. Типичниот Златен ретривер е мирен, природно интелигентен со голема желбав да задоволи.

Златниот ретривер е исто така познат по својата интелигенција. Златниот ретривер се рангира како 4-ти во The Intelligence of Dogs на Стенли Корен (Stanley Coren), како едно од најбистрите кучиња во дресирањето. Овие кучиња се исто така забележани по својата трпеливост со деца.

Златните ретривери се: љубезни, нежни, паметни, верни, предадени, друштвени...