Репрезентација на Македонија во хокеј на мраз
Репрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз е репрезентација во хокеј на мраз на Република Македонија раководен од Хокеј федерацијата на Македонија која е придружна членка на Меѓународната хокејска федерација од 4 октомври 2001 година.
Сојуз | Хокеј федерација на Македонија |
---|---|
Генерален менаџер | Никола Тасев |
Селектор | Ѓорѓи Грчев |
Домашен стадион | СЦ Борис Трајковски |
Бои | |
IIHF код | MKD |
Прв меѓународен натпревар | |
Македонија 8–7 Босна и Херцеговина (Сараево, БиХ; 20 јануари 2018) | |
Најголема победа | |
Македонија 9–3 Португалија (Фисен, Германија; 21 ноември 2018) | |
Најголем пораз | |
Босна и Херцеговина 7–6 Македонија (Сараево, БиХ; 21 јануари 2018) | |
Меѓународни резултати (Поб–Пор–Нер) | |
6–1–0 |
Историја
уредиРепрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз својот прв натпревар го одиграла на 27 март 2011 година против бугарскиот клуб Црвена Ѕвезда Софија во Скопје. Натпреварот завршил со резултат 4–1 за гостинскиот клуб.[1] На 20 декември 2014 година, Македонија одиграла два пријателски натпревари против репрезентацијата на Бугарија во хокеј на мраз до 21 година во Скопје. Македонската репрезентација првиот натпревар го загубила со 6–5 по продолженија а на вториот натпревар победила со 4–3 по продолженија, забележувајќи ја првата победа во историјата.[2]
На 20 и 21 јануари 2018 година, Македонија одиграла два меѓународни пријателски натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево во текот на еден викенд. Македонија победила на првиот натпревар со 8–7 а на вториот натпревар загубила со 7–6 по продолженија.[3]
Во ноември 2018 година, Македонија победила на Развојниот куп 2018, организиран од Меѓународната хокејска федерација а одржан во Фисен, Германија. Македонската репрезентација на турнирот ги одмерила силите со Андора, Ирска и Португалија и забележала победи на сите натпревари. Во финалниот натпревар, Македонија ја победила Португалија со 9–3.[4]
Резултати против други земји
уредиАжурирано по последниот натпревар: 21 ноември 2018[5]
Team | ОД | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ |
---|---|---|---|---|---|---|
Андора | 2 | 2 | 0 | 0 | 15 | 7 |
Португалија | 2 | 2 | 0 | 0 | 14 | 7 |
Ирска | 1 | 1 | 0 | 0 | 9 | 6 |
Босна и Херцеговина | 2 | 1 | 0 | 1 | 14 | 14 |
Вкупно | 7 | 6 | 0 | 1 | 52 | 34 |
Наводи
уреди- ↑ „Macedonian Hockey team opened a new page in the history“. National Teams of Ice Hockey. 2011-03-29. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 2011-04-04.
- ↑ „Exhibition Games“. National Teams of Ice Hockey. Архивирано од изворникот на 2014-12-24. Посетено на 2014-12-24.
- ↑ „Macedonia wins and loses in OT in Bosnia and Hercegovina“. Eurohockey.com. 22 January 2018. Посетено на 21 January 2018.
- ↑ „Отидовме во Германија со броени пари и по некој сендвич, а се вративме со злато!“ gol.mk, 22 ноември 2018
- ↑ „Macedonia All Time Results“ (PDF). National Teams of Ice Hockey. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-01-22. Посетено на 2018-01-21.