Религија во Судан
Религијата во Судан има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е исламот со 97%, додека втора по големина е христијанството со 1.5% и Африканската традиционална религија со 1.5%. Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот.
Ислам
уредиНајголемиот дел од суданските муслимани се приврзаници на сунитскиот огранок на исламот. Огромното мнозинство припаѓаат на Маликиската школа, иако има приврзаници и на Шафиската школа и Ханифиската школа. Шиизмот неодамна пораснал во популарна вера во Судан[1].
Суфизмот и шиитскиот ислам ја поддржуваат крвната линија на пророкот Мухамед, Ахл ал-Бејт. Некои шиити претпочитаат да ја практикуваат својата вера под чадорот на суфизмот заради безбедност, бидејќи суфизмот има тенденција да биде помалку социјално и политички контроверзен во Судан отколку шиитскиот ислам. Сепак, салафистите и џихадистите извршиле крвави напади врз суфистите, шиитите и други секти за кои тврдат дека се еретички.
Сепак, сунитскиот ислам во Судан не е обележан со еднообразно тело на верување и пракса. Некои муслимани се спротивставиле на аспектите на сунистичката ортодоксија, а обредите што не биле од исламско потекло беле широко распространети и прифатени како да се составен дел на исламот или понекогаш да бидат признати како посебни. Големо мнозинство муслимани во Судан се придржуваат кон суфизмот или се под силно влијание од него, со што Судан е едно од најтолерантните земји со муслиманско мнозинство во светот[2].
Христијанство
уредиСудан бил претежно христијански во времето пред доаѓањето на исламот во 7 и 8 век. Домородните нубијски коптски христијани продолжиле да составуваат значителен дел од населението на регионите до 19 век, кога повеќето биле присилени да се преобратат во ислам под махдистичката држава (1881-1898). Влијанието на Коптската православна црква сѐ уште е маргинално присутно во Судан, со неколку стотици илјади останати приврзаници[3]. Во 2011 година, претежно христијанските области во Јужен Судан се отцепиле од земјата, формирајќи нова држава. Христијаните кои живеат околу Нубијските планини често се предмет на прогонство[4]. Воените дејства на суданската влада против народот Нуба се етикетирани како етничко чистење[5][6].
Наводи
уреди- ↑ Emile Nakhleh (2008-12-29). „A Necessary Engagement: Reinventing America's Relations with the Muslim World“. Books.google.com. стр. 28. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ „Salafis vs Sufis: A Simmering Conflict in Sudan“. Al Akhbar English. 2012-03-14. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ Sheen J. Freedom of Religion and Belief: A World Report. Routledge, 1997. p.75.
- ↑ Brock, Laurie (2013-05-16). „The Martyrs of Sudan: Yesterday, Today, Tomorrow | 50 Days of Fabulous“. 50days.org. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ „Crisis in Sudan: Allegations of Ethnic Cleansing in the Nuba Mountains“. The New York Times. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ Boswell, Alan (2011-06-14). „Darfur Redux: Is 'Ethnic Cleansing' Occurring in Sudan's Nuba Mountains? - TIME“. Content.time.com. Архивирано од изворникот на 2016-12-08. Посетено на 2016-03-09.