Религија во Демократска Република Конго

Религија во Демократска Република Конго
Религија процент
Римокатолици
  
36,8 %
Протестанти
  
32 %
Останати христијани
  
11,2 %
Ислам
  
12 %
Стари религии
  
3 %
Останати или нерелигиозни
  
4 %

Религијата во Демократска Република Конго има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Демократска Република Конго е христијанството со околу 80% од населението на земјата. Од христијанските деноминации, 50% се Римокатолици додека 20% се Протестанти. Муслиманите (главно сунити) претставуваат 10% од населението, а другите (вклучувајќи ги синкретичките секти и домородните верувања) се околу 10%, според CIA World Factbook. Хиндуизмот кој не е широко распространет, зазема 0,18% од популацијата[1]. Кимбангизмот се гледал како закана за колонијалниот режим и бил забранет од страна на Белгијците. Неговите следбеници бројат околу 3 милиони луѓе,[2].

62% од протестантските деноминации во земјата се верници на Христовата црква на Конго. Честопати, оваа црква се нарекува во земјата само како Протестантска црква, бидејќи таа опфаќа повеќе од 20% од сите протестанти во земјата[3]. Исламот е воведен и главно се шири од страна на арапските трговци.[4].

Традиционалните религии се монотеизам, анимизам, витализам, гатење и магии, главно варираат во голема мера меѓу етничките групи. Синкретичките секти често се припојуваат кон христијанството со традиционалните верувања и ритуали, а не можат да бидат прифатени како дел од христијанството. Сепак, реалено бројот на лица кои може да се категоризираат во една или друга верска група е ограничен.

Наводи

уреди
  1. „CIA World Factbook: DR Congo“. Архивирано од изворникот на 2018-12-28. Посетено на 2017-07-03.
  2. "Zaire (Democratic Republic of Congo)", Adherents.com – Religion by Location. Архивирано на 29 јуни 2011 г. Sources quoted are CIA Factbook (1998), 'official government web site' of Democratic Republic of Congo. Retrieved 25 may 2007.
  3. „Religiously Remapped - Mapping Religious Trends In Africa - Dataset of Religious Affiliations“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-07-14. Посетено на 2017-07-03.
  4. referenced by the European Christian orientalist Timothy Insoll. The Archaeology of Islam in Sub-Saharan Africa By Timothy Insoll