Револверите на величествените седуммина

„Револверите на величествените седуммина“ (англиски: Guns of the Magnificent Seven) — американски филм од 1969 година, во режија на Пол Вендкош. Главните улоги ги граат: Џорџ Кенеди, Џејмс Витмор, Монти Маркхам и Рени Сантони.[1]

Синопсис

уреди

Единствениот преживеан од првобитните Величествени седуммина, Крис, го ангажираат мексиканските револуционери за да им помогне во нивната борба. Имено, нивниот водач, Квинтеро, се наоѓа во еден мексикански затвор со кој раководи немилосрдниот војен командант, полковникот Диего. Крис ги собира потребните луѓе и опрема за да го спаси заробеникот. Меѓутоа, Дијего поставува опасни стапици од двете страни на затворските ѕидови во обид да ги спречи јунаците кои ги предводи Крис.

Наводи

уреди