Рајко Брежанчиќ (роден 21 август 1989 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата како дефанзивец. Моментално игра за српскиот клуб ФК Партизан.

Клупска кариера уреди

Откако настапувал низ младинската структура на клубот, Брежанчиќ го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Партизан на 1 јуни 2007 година, склучувајќи петгодишен договор.[1] Тој подоцна заминал како позајмен играч во клубовите на Телеоптик и Бежанија за да стекне искуство. Во јануари 2009 година Брежанчиќ се вратил во Партизан и одиграл вкупно седум натпревари во лигата до крајот на сезоната 2008-09. Таа година тимот на Партизан ја освоил титулата. Брежанчил одиграл уште три натпревари за клубот во првиот дел од сезоната 2009-10, пред повторно да се пресели во месец јануари 2010 година како позајмен играч во клубот на Телеоптик.

Во летото 2010 година, Брежанчиќ потпишал со клубот од Српската Суперлига, Металац од Горни Милановац. Потоа, во зимскиот преоден рок од 2011 година бил позајмен на српскиот прволигаш Бежанија. Шест месеци подоцна, Брежанчиќ потпишал постојан договор со Бежанија и таму останал во следните две сезони.

Во летото 2013 година, Брежанчиќ бил префрлен во новопромовираниот клуб од Суперлигата Чукарички. Одиграл 29 натпревари во лигата и постигнал еден гол во сезоната 2013-14. Во следната сезона, Брежанчиќ повторно пропуштил само еден од вкупно 30 лигашки натпревари и притоа постигнал еден гол, такашто Чукарички завршил на третото место. Таа година тимот на Чукарички го освоил и Купот на Србија 2014–15.[2]

На 4 август 2015 година, Брежанчиќ потпишал тригодишен договор со холандскиот клуб АЗ.[3] Својот прв натпревар за новиот клуб го имал на 12 септември 2015 година во победата од 3:1 на гостински терен во лигата над клубот на Де Графшап. На овој натпревар тој го постигнал првиот гол на почетокот на натпреварот.

Во август 2016 година, Брежанчиќ бил префрлен за да игра во Шпанија, каде бил ангажиран во клубот од Сегунда Дивизион, Уеска.[4] Во тимот имал 30 настапи во текот на сезоната 2017-2018. На крајот од истата Уеска успеал да влезе во првата шпанска лига. На 11 ноември 2018 година, Брежанчиќ го одиграл својот прв натпревар во Примера во поразот од 2:1 на гостински терен кај екипата на Алавес. Влегол во игра како замена за повредениот Пабло Инсуа.

На 31 јануари 2019 година, Брежанчиќ го раскинал договорот со Уеска и потпишал 18-месечен договор со екипата на Малага.[5][6]

На 22 јуни 2019 година се вратил во неговиот почетен клуб Партизан од Белград и потпишал тригодишен договор.[7] На 11 август 2019 година, Брежанчиќ го постигнал својот прв гол за Партизан во нерешениот натпревар од 2:2 на гостувањето кај екипата на Напредак од Крушевац.[8]

Репрезентација уреди

Брежанчиќ ја пртетставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на УЕФА првенството до 17 години во 2006 година. Тој исто така играл за Србија У19 во неуспешните квалификациски натпревари на тимот за Европското првенство за играчи до 19 години на УЕФА 2008 година. На почетокот на 2009 година, Брежанчиќ учествувал со тимот до 20 години на Меѓународниот турнир на пријателство во Катар.[9][10]

Брежанчиќ на 7 јуни 2009 година го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија до 21 година во пријателската победа од 4:1 над репрезентацијата на Македонија.[11] Подоцна,во 2009 година, тој бил член на тимот на УЕФА првенството до 21 година, но не успеал да се појави на турнирот на ниту еден натпревар. Брежанчиќ го забележал својот втор настап за тимот до 21 година на 11 август 2009 година во победата од 1:0 на домашен терен против репрезентацијата на Израел до 21 година. Неговиот трет и последен настап за тимот бил на уште еден пријателски натпревар одигран на 26 мај 2010 година, во поразот со 1:3 на гостувањето кај Романија У21.[12]

Статистика уреди

Обновено на 21 Јуни 2019[13]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Телеоптик (како позајмен играч) 2007–08 15 0 1 0 16 0
Бежанија (како позајмен играч) 2008–09 13 0 1 0 14 0
Партизан 2008–09 7 0 1 0 0 0 8 0
2009–10 3 0 2 0 2 0 7 0
Телеоптик (како позајмен играч) 2009–10 9 0 0 0 9 0
Металац Горни Милановац 2010–11 7 0 7 0
Бежанија (како позајмен играч) 2010–11 13 0 0 0 13 0
Бежанија 2011–12 30 2 0 0 30 2
2012–13 28 0 1 0 29 0
Чукарички 2013–14 29 1 1 0 30 1
2014–15 29 1 4 0 4 0 37 1
2015–16 3 0 0 0 4 0 7 0
АЗ Алкмар 2015–16 8 1 2 0 2 0 12 1
Уеска 2016–17 24 0 2 0 2 0 28 0
2017–18 30 0 0 0 30 0
2018–19 1 0 2 0 3 0
Малага 2018–19 1 0 0 0 0 0 1 0
Партизан 2019–20 12 1 1 0 3 0 16 1
2020–21 4 0 0 0 0 0 4 0
Вкупно во кариерата 265 6 18 0 15 0 2 0 300 6

Признанија уреди

Клуб уреди

Партизан
Чукарички
  • Освоен е Купот на Србија: 2014–15

Индивидуални признанија уреди

  • Награда за Тим на сезоната во српската Суперлига: 2014–15

Наводи уреди

  1. „Četiri prinove u crno-belom taboru“ (Serbian). partizan.rs. 1 June 2007. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 11 February 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Čukarički make history with Serbian Cup success“. uefa.com. 20 May 2015. Посетено на 24 June 2017.
  3. „AZ haalt Brežančić“ (Dutch). az.nl. 4 August 2015. Посетено на 15 October 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Presentación oficial de Rajko Brežančić“ (Spanish). sdhuesca.es. 31 August 2016. Посетено на 5 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Rescisión del contrato con Brezancic“ (Spanish). sdhuesca.es. 31 January 2019. Посетено на 2 February 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Brezancic complementará el lateral izquierdo del Málaga CF“ (Spanish). malagacf.com. 31 January 2019. Посетено на 2 February 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „GOTOVO: Rajko Brežančić u Partizanu do juna 2022“. www.mozzartsport.com (англиски). Посетено на 2019-08-03.
  8. „KRAJ: Napredak - Partizan 2:2 (VIDEO)“. www.mozzartsport.com (англиски). Посетено на 2019-08-24.
  9. "Orlići" putuju u Katar“ (Serbian). sportskacentrala.com. 7 January 2009. Архивирано од изворникот на 2018-09-11. Посетено на 2 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Remi "orlića" na startu turnira u Kataru“ (Serbian). sportskacentrala.com. 11 January 2009. Архивирано од изворникот на 2018-09-11. Посетено на 2 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. "Orlići" tek u drugom poluvremenu "dodali gas" (Serbian). sportskacentrala.com. 7 June 2009. Архивирано од изворникот на 2017-04-05. Посетено на 24 June 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Avem speranţe! România U21 - Serbia U21 3-1“ (Romanian). prosport.ro. 26 May 2010. Посетено на 11 February 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. Рајко Брежанчиќ на soccerway

Надворешни врски уреди