Раѕивилски летопис

Раѕивилски летопис е збирка на илуминирани ракописи од 15 век; се смета дека е препис на постар ракопис од 13 век. Името доаѓа од благородно семејство Раѕивил од Големото Кнежевство Литванија, кое го чувало во Несвишкиот замок во 17 и 18 век. Подоцна бил преместен во Кенигсберг (денешен Калининград), а од 1761 во Библиотеката на Руската академија на науките, Санкт Петербург, каде што се чува и денес под регистарски број "34.5.30".[1][2]

Санкт Петербург, Библиотека на Руската академија на науките, 34.5.30, fol 68[1]

Делото ја раскажува историјата на Киевски Рус и неговите соседи од 5 до почетокот на 13 век во сликовита форма, претставувајќи ги настаните опишани во ракописот со повеќе од 600 илустрации во боја.[се бара извор] Помеѓу источнословенските летописи, Раѕивилскиот се издвојува по богатството и квантитетот на илустрациите, кои можеби потекнуваат и од оригиналот од 13 век.[се бара извор]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Tolochko 2016.
  2. Maiorov 2018, стр. 325.

Библиографија

уреди

Примарни извори

уреди
  • Iroshnikov, M. P.; Kukushkina, M. V.; Lurie, Y. S. (1989). Том Тридцать Восьмой: Радзивиловская Летопись [Volume Thirty-Eight: Radziwiłł Chronicle]. Complete Collection of Russian Chronicles (PSRL). M. D. Priselkov, O. P. Likhacheva, R. M. Mavrodina, E. K. Piotrovskaya. Leningrad (Saint Petersburg): Nauka. стр. 179.

Литература

уреди