„Рафал во небото“ (српски: Рафал у небо) — филм на режисерот Војислав Вања Бјењаш од 1958 година. Автор на музиката е Бојан Адамич, а главните улоги ги играат: Берт Солар, Дара Чалениќ, Велимир Бата Живојиновиќ и Павле Вуисиќ.[1]

Синопсис

уреди

Еден партизански офицер ја наоѓа својата куќа запалена, а децата убиени. Тој решава на истиот начин да му се одмазди на четникот Маливук за направеното злосторство. Меѓутоа, кога се соочува со немоќните деца, тој сфаќа дека не може да ги убие поради злосторството на нивниот татко, па наместо во нив, пука во небото...

Наводи

уреди