Ратко Радовановиќ

Ратко Радовановиќ (Невесиње, 16 октомври 1956) е поранешен југословенски кошаркар, а потоа и претставник на кошарка.

Кариера

уреди

Радовановиќ е роден во Невесиње, но израснал во Никшиќ.[1]

Во својата одлична кариера, тој бил член на Босна, Стад Франс од Париз и Венеција. Со Босна освоил три титули во Југословенското првенство и Куп на европски шампиони во 1979 година. За екипата на Сараево, тој играл околу 500 натпревари и постигнал околу 10.000 бода.

Во 1980 година тој бил прогласен за најдобар спортист на Босна и Херцеговина. Тој играл два натпревари за репрезентавијата на Европа на 26 и 28 јуни 1979 година.

Ратко Радовановиќ имал брилијантна кариера во репрезентацијата на Југославија. За "сините" играл 205 натпревари и постигнал 2175 бода. Со репрезентацијата на Југославија освоил сè што може да се освои. Тој ги освоил златните медали на Балканот, Европа, светот и олимпиското злато.

Освои лвкупно 9 медали од Олимписките игри, Светското и Европското првенство. Дражен Далипагиќ (12), Драган Кичановиќ и Владе Дивац (10) освоија повеќе медали.

Долги години работел како спортски директор на КК ФМП Железник.

Успеси

уреди

Клупски

уреди
  • Босна
Куп на европски шампиони : 1978/79.
Југословенско првенство : 1977/78, 1979/80, 1982/83.
Куп на Југославија : 1978.

Репрезентативни

уреди
  • Златни медали
Европско првенство 1977 во Белгија
Светското првенство 1978 на Филипините
Олимписки игри во 1980 година во Москва
  • Сребрени медали
Европско првенство 1981 во Чехословачка
  • Бронзени медали
Европско првенство 1979 во Италија
Светско првенство 1982 во Колумбија
1984 Олимписки игри во Лос Анџелес
Светско првенство 1986 во Шпанија
Европско првенство 1987 во Грција

Наводи

уреди
  1. „Још се нисам ужелио кошарке“. vijesti.me. Архивирано од изворникот на 2016-05-08.