Раноплеистоценски лав

Panthera leo fossilis
Период: Среден плеистоцен
Radius
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Пантера
Вид: Лав
Подвид: P. l. fossilis
Триномен назив
Panthera leo fossilis
(Reichenau, 1906)

Раноплеистоценски лав (Panthera leo fossilis) — исчезнат вид на големи мачки со некои одлики на тигар. Живеел пред околу 500.000 години. Оваа голема мачка обично се смета за зачеток на подвидот на лавот. Се појавил во Африка пред околу 1,5 милиони до 800 000 години, по кое ги проширил своите територии. Во Европа се појавил пред околу 700.000 години. Доказ за тоа се пронајдените остатоци во Италија.

Максималната должина на главата и телото на овој вид на лав била 2,4 метри, со што е околу половина метар подолг од африканските лавови денес. Тежината на машките е до 220-230 килограми, а на женските околу 150-170 кг. Тој имал приближна големина на Американскиот лав. Многу коскени фрагменти од оваа мачка се познати од селото Мосбах во Германија. Речиси полн череп бил пронајден во Германија.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди