Ранко Деспотовиќ
Ранко Деспотовиќ (роден на 21 јануари 1983 година) е поранешен српски фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.
Клупска кариера
уредиРанко Деспотовиќ е роден во Лозница, Србија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој својот прв професионален натпревар го одиграл за клубот на ФК Лозница на само 17 години. Во неговите први три години играјќи фудбал постигнал речиси 30 гола, по што бил купен од екипата на ФК Војводина.
Во одреден дел од сезоната бил позајмен на пониско рангираниот клуб на ФК Мачва од Шабац, по што се вратил во тимот на Војводина, каде имал блескава сезона 2006–07 помагајќи му на тимот да дојде до третото место во лигата и да дојде на второто место во домашниот куп. За да помогнел сето ова да се постигне, тој на крајот на сезоната се нашол на врвот од топ листата за постигнати голови. Постигнал вкупно 17 голови во таа сезона.
Во јануари 2008 година, Деспотовиќ потпишал со клубот на ФК Рапид од Букурешт во Романија. Подоцна, во претстојната летна преодна сезона, Деспотовиќ се приклучил на тимот на Реал Мурсија за времетраење од три години и за сума од 1.500.000 евра. Него во клубот го донел селекторот Хавиер Клементе, а за неговите квалитети дознал додека бил тренер на репрезентацијата на Србија.[1]
Во сезоната 2009-10, Деспотовиќ останал во истата држава и тоа во нејзината втора лига, преселувајќи се да игра као позајмен играч во клубот на УД Саламанка.[2] Следната година, сè уште во втората лига, Деспотовиќ го предводел тимот на Џирона ФК со вкупно18 постигнати гола (седми најдобар резултат во втората лига). Клубот од Каталонија на крајот завршил удобно во средината на табелата.[3]
На 1 јули 2011 година, Деспотовиќ потпишал за јапонската екипа на Урава Ред Дајмондс.[4][5] Кон крајот на 2013 година, по неуспешното враќање во поранешниот клуб на Џирона,[6] тој се преселил во Австралија во тимот на Сиднеј ФК, откако бил убеден да му се придружи на поранешниот соиграч од Војводина, Никола Петковиќ. Својот прв натпревар за новиот клуб го имал против екипата на Велингтон Феникс ФК, влегувајќи како замена и постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 во судиското продолжение.[7]
Деспотовиќ се вратил во Шпанија на 7 јули 2014 година, приклучувајќи се на второлигашот Депортиво Алавес.[8] Подоцна Деспотовиќ се натпреварувал и во пониски лиги и тоа со тимовите на Кадис ЦФ и Марбела ФК.[9]
Репрезентација
уредиДеспотовиќ својот прв натпревар за селекцијата на Србија го одиграл на квалификацискиот натпревар за 2008 УЕФА ЕВРО против тимот на Казахстан. Натпреварот се одиграл на 24 ноември 2007 година и завршил со резултат од 1:0[10] за репрезентацијта на Србија.
Клупска статистика
уредиКлуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари 1 | Лига куп 2 | Континентални натпревари 3 | Вкупно | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Лозница | 2000–01 | 14 | 2 | – | 0 | 0 | 14 | 2 | |||
2001–02 | 21 | 6 | – | 0 | 0 | 21 | 6 | ||||
2002–03 | 29 | 13 | – | 0 | 0 | 29 | 13 | ||||
Вкупно | 64 | 21 | – | 0 | 0 | 64 | 21 | ||||
Мачва од Шабац (како позајмен играч) | 2003–04 | 15 | 4 | – | 0 | 0 | 15 | 4 | |||
2004–05 | 17 | 6 | – | 0 | 0 | 17 | 6 | ||||
Вкупно | 32 | 10 | – | 0 | 0 | 32 | 10 | ||||
Војводина | 2003–04 | 5 | 0 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | 6 | 0 | |
2004–05 | 8 | 0 | 0 | 0 | – | 0 | 0 | 8 | 0 | ||
2005–06 | 11 | 0 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | 12 | 0 | ||
2006–07 | 24 | 17 | 5 | 3 | – | 0 | 0 | 29 | 20 | ||
2007–08 | 16 | 4 | 1 | 0 | – | 4 | 4 | 21 | 8 | ||
Вкупно | 64 | 21 | 8 | 3 | – | 4 | 4 | 76 | 28 | ||
Рапид од Букурешт | 2007–08 | 8 | 4 | 0 | 0 | 8 | 4 | ||||
Мурсија | 2008–09 | 35 | 8 | 0 | 0 | 35 | 8 | ||||
Саламанка (како позајмен играч) | 2009–10 | 24 | 4 | 3 | 0 | 0 | 0 | 27 | 4 | ||
Џирона | 2010–11 | 34 | 18 | 1 | 1 | 0 | 0 | 35 | 19 | ||
Урава Ред Дајмондс | 2011 | 14 | 0 | 0 | 0 | 5 | 4 | – | 19 | 4 | |
2012 | 11 | 1 | 0 | 0 | 4 | 1 | – | 15 | 2 | ||
Вкупно | 25 | 1 | 0 | 0 | 9 | 5 | – | 34 | 6 | ||
Сиднеј ФК | 2013–14 | 17 | 6 | – | – | – | 17 | 6 | |||
Алавес | 2014–15 | 24 | 4 | 2 | 1 | 0 | 0 | – | 26 | 5 | |
Кадис | 2015–16 | 16 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 16 | 0 | |
Марбела | 2016–17 | 15 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 15 | 4 | |
Вкупно во кариерата | 358 | 101 | 14 | 5 | 9 | 5 | 4 | 4 | 385 | 115 |
1 Вклучува Копа дел Реј. Кралски куп.
2 Вклучува Ј. Лига куп.
3 Вклучува квалификации за Купот на УЕФА.
Наводи
уреди- ↑ „Despotović predstavljen u Mursiji“ [Despotović signs for Murcia] (српски). B92. 4 July 2008.
- ↑ „Despotovic y David Cuéllar se marchan al Salamanca“ [Despotovic and David Cuéllar move to Salamanca]. Marca (шпански). 31 August 2009. Посетено на 17 February 2014.
- ↑ „Charles escala en el podio de los goleadores extranjeros“ [Charles reaches podium of foreign top scorers]. El Día de Córdoba (шпански). 16 May 2011. Посетено на 17 February 2014.
- ↑ „Despotovic: traspàs històric“ [Despotovic: historic transfer] (каталонски). Girona FC. 29 June 2011. Архивирано од изворникот на 28 September 2011. Посетено на 2 July 2011.
- ↑ ランコ デスポトビッチ選手、加入決定 (јапонски). Urawa Red Diamonds. 2 July 2011. Архивирано од изворникот на 5 July 2011. Посетено на 2 July 2011.
- ↑ „Despotovic, a un paso de volver al Girona“ [Despotovic, on the verge of returning to Girona]. Mundo Deportivo (шпански). 13 July 2013. Посетено на 17 February 2014.
- ↑ „Sydney FC debutant Ranko Despotovic scores last-minute winner to beat Wellington 2–1“. Fox Sports. 23 November 2013. Посетено на 2 May 2016.
- ↑ „El Alavés incorpora a sus filas al delantero serbio Ranko Despotovic“ [Alavés add Serbian striker Ranko Despotovic to ranks] (шпански). Deportivo Alavés. 7 July 2014. Архивирано од изворникот на 13 September 2014. Посетено на 10 July 2014.
- ↑ Despotovic, Chaco, Alex Serrano y Graxa, primeras bajas en el Marbella FC (Despotovic, Chaco, Alex Serrano and Graxa, first out at Marbella FC) Архивирано на 16 јануари 2017 г.; Estepona Press, 28 December 2016 (in Spanish)
- ↑ „Clemente names 10 debutants for Serbia's final qualifier“. Reuters. 22 November 2007. Архивирано од изворникот на 19 December 2007. Посетено на 22 November 2007.
- ↑ „R. Despotović“. Soccerway.
- ↑ „Ranko Despotović“. Worldfootball.
Надворешни врски
уреди- Статистика за рана кариера ; (на српски)
- Податоци за државната репрезентација (на српски)
- Ранко Деспотовиќ на National-Football-Teams.com