Харалампи или Рампо Спиров Пешков — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Рампо Пешков
Роден 1877
Прилеп, Македонија
Починал Битола, Македонија

Животопис

уреди

Рампи Пешков е роден во 1877 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Потекнува од богато трговско семејство, татко му Спиро Пешков е долгогодишен член на локалната црковно-училишна општина. Има два поголеми браќа Георги Пешков и Никола Пешков, кои исто така се дејци на ВМОРО [1].

Рампи Пешков се приклучува на ВМОРО веднаш по создавањето во 1894 година. Истовремено се занимавал со трговија и револуционерна дејност. Како терорист ја извршил во 1897 година смртната пресуда врз шпионот Ташко Филипов. Во 1899 година изнудил пари за потребите на ВМОРО од Георги Богданов, по што е уапсен и лежи на кратко време во затвор. Во 1901 година влегува во четата на Марко Лерински. Подоцна е повторно уапсен од турската власт и осуден на 3 години строг затвор во Битола, каде и умира. Потоа е погребан од своите родители во Прилеп [2].

Извори

уреди
  1. Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр. 781
  2. „Македонска зора“, бр.3, стр. 7-9.