Ракометна спортска сала Духаил

Ракометна спортска сала Духаил — затворена спортска сала во главниот град на Катар, Доха. Изградена е со цел да биде домаќин на Светското првенство во ракомет за мажи 2015.[1]

Ракометна спортска сала Духаил
Внатрешност на салата
Место Доха, Катар
Започнат јуни 2013
Отворен 7 септември 2014
Сопственик Катарска ракометна федерација
Архитект IGH
WSP Group
Игра Машка ракометна репрезентација на Катар
Женска ракометна репрезентација на Катар
Гледачи 5.580

Создавање

уреди

Арената била изградена за само 13 месеци на површина од 40.000 м2 и во јули 2014 година била скоро готова. Важи за зелена градба и биле користени најнови технологии.[2] На 7 септември 2014 била официјално отворена.[3]

Користење

уреди

Комплексот ќе се користи за натѕпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи 2015 во Катар и по првенството ќе припадне на Катарската ракометната федерација. Ќе биде тренинг центар за ракометната репрезентација на Катар за мажи и жени, како и административните и медиумските простории на федерацијата.[2]

Во рамки на комплексот припаѓаат две помали сали со по 500 места секоја, 60 соби за спиење за играчите, 25-метарски базен, како и медицински центар.[4]

Наводи =

уреди
  1. „Ракометна спортска сала Духаил“. qatarhandball2015.com. 23 декември 2014.
  2. 2,0 2,1 „Exklusive Einblicke: WM-Arena vor der Eröffnung“. 25 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-14. Посетено на 8 август 2014.
  3. „IHF Super Globe Championship 2014 Opening Ceremony Showcases Culture of Sporting Success“. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 2014-10-08.
  4. „Qatar Handball Association Complex, Doha, Qatar“. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 8 октомври 2014.

Надворешни врски

уреди