Размножување на микроорганизмите

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Механизмите на размножување на микроорганизмите се бројни и различни. Најчести механизми на размножување се: цепење на две, пупење, разгранување, и спорулација. Повеќето од овие организми се остваруваат по асексуален пат, а мал дел по сексуален пат.

Со пупење

Цепење на две

уреди

Тоа е механизам кога клетката-мајка се расцепува на две еднакви клетки-ќерки. Цепењето може да се случува или по надолжната или по попречната оска на клетката. Таа се цепи така што при делењето го зголемува својот обем, потоа од клеточниот ѕид се јавува еден септум кој влегува во цитоплазмата и ја разделува на два еднакви дела. Јадровата супстанца ДНК која се репликувала пред да почне клетката да се дели, се разделува еднакво во секоја одделена половина на цитоплазмата. После ова клетката почнува да се стеснува на местото каде што е формиран септумот, и за крај таа се дели на две еднакви клетки-ќерки и кога тие ќе созреат на истиот начин ќе се поделат на две.

Пупење

уреди

Овој процес се одвива така што на кое и да е место на клетката на микроорганизмите доаѓа до протрузија на цитоплазмата. Во протрузијата влегува една половина од репликуваното јадро. Таа протрузија постепено расте и формира пупка, кога таа доволно ќе порасне таа се одделува. Од неа се формира клетка која е идентична на клетката од која се одделила. И од неа на ист начин се создава пупка, а ретко кога се создаваат две пупки.

Разгранување

уреди

Овој процес на размножување се одвива така што клетката со стапчеста форма на едниот или на двата краја се издолжува. Тоа издолжување се разделува на две гранки во кој влегува јадрена супстанција, потоа тие гранки на тоа место што се одделиле се стеснуваат и отпаѓаат. Од таа падната гранка настанува клетка. Кај некои видови микроорганизми гранките не отпаѓаат па така настануваат низи од клетки, тие можат да бидат една до друга со прегради или да останат неодделени.

Спорулација

уреди

Тоа е процес на формирање на спори од кои изртуваат клетките на микроорганизмите. Овие спори се различни од спорите на бактериите кои немаат репродуктивна функција. Овие спори се репродуктивни. Тие на различни начини ги напуштаат родителските клетки. Кога се најдуваат во поволни услови од нив изртува наполно нова клетка, која е во стапчеста форма и се вика Хифа. Таа се продолжува цепејќи се на две. И така формираните хифи потоа се диференцираат.