Разделба со детството

„Разделба со детството“ — збирка со песни и раскази за деца на Христина Аслимоска од 2005 година.

Содржина

уреди

Книгата содржи 17 песни и 11 раскази:[1]

  • Песни
  • Разделба со детството
  • Да нема насилство
  • Замисла, копнеж, вистина
  • Ек на децата
  • Првата љубов
  • За љубовта
  • Двете ѕвезди вечерници
  • Времето
  • Светулка
  • Животна раскрсница
  • Стоп за пороците
  • Книгата
  • Еко порака
  • Големиот ден — Велигден
  • За зимскиот распуст
  • За мојата татковина
  • Јазикот наш македонски
  • Раскази
  • Македонија е наша заедничка мајка
  • Траги низ минатото
  • Животот најголем учител
  • Спомени кои не се бришат
  • Вистинското пријателство со љубов се стекнува
  • Пилето во срцето ми помага да успеам во сè
  • „Ромео и Јулија“ од нашата улица
  • Пролетта ми буди преплавени чувства
  • Прошетка во планината
  • Тагата од моето детство
  • Мојот свет

Технички податоци

уреди

Книгата е објавена од издавачката куќа Детска радост во рамките на библиотеката „Млади таленти“. Дизајнот, ликовно-графичкото уредување и корицата се дело на Жарко Туниќ, а лектурата ја извршила Елена Георгиевска. Книгата, со димензии од 51 страница, е испечатена во печатницата „Летра“ во Охрид. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-721-0.[2]

За делото

уреди

Во својот осврт кон делото, професорот Јордан Спасески истакнува дека во делото се гледа континуираниот раст и напредок во перцепцијата на авторката која, иако дете, пишува како возрасна личност. Основната тема на книгата е детството, кое за авторката буди само пријатни впечатоци, но таа ги чувстваува болката и страдањата на другите деца. Исто така, авторката тагува за своето детство, претчувствувајќи ги приликите и неприликите што ја чекаат во натамошниот живот. Таа е потполно свесна за разделбата со детството, ја разбира таа промена и без трауми влегува во новата етапа во животот. Од друга страна, во расказите, таа безгранично ја манифестира убавината на природата и на детската среќа во неа.[3] Писателот Видое Видичевски, пак, го истакнува необичниот приод на авторката да напише книга која е смеса на поезија и проза. Притоа, двете основни теми во книгата се пејзажот и човечката интима. Во нејзините песни музиката малку им го отстапува местото на некои симболи, на некакви опсесии низ кои поетесата насетува сè околу себе и ги слуша движењата на своето битие, изразувајќи ја болката за нејзините осиромашени субјективни пространства. Речиси сите песни во збирката носат свои приказни, но сите се испеани со добар поетски јазик и со збиени поетски слики, насликани со бујна фантазија. И во расказите, авторката ги црпи мотивите и содржините во својата средина, полна со блиски луѓе и со природна разноликост.[4]

Наводи

уреди
  1. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005.
  2. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 50-51.
  3. Јордан Спасески, „Кон збирката РАЗДЕЛБА СО ДЕТСТВОТО (песни и раскази) од Христина Аслимоска“, во: Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 43-45.
  4. Видое Видически, „Кон Разделбата со детството на малата поетеса Христина Аслимоска“, во: Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 46-47.