Добре дојде!

Здраво, Vkire, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --FlavrSavr 14:14, 22 септември 2006 (UTC)

Јас па мислев...

уреди

јас па мислев дека си русин и знајш чат пат македонски :) ама не ми ни текнало дека мек користиш... па види вака, напиши го текстот како шо сакаш, па после клај го во некој текст едитор маваш риплејс на то руското е со кирилично з (кое шо го копираш од овде -> „з“ <- :D) и после маваш пејст во статијата и voilá. Guitardemon666муабет 23:39, 23 септември 2006 (UTC)

  • и те молам користи македонски наводници оти од ум ме вади да ги менвам "" со „“ многу е гадно... после користи „[[слика:]]“ наместо „[[Image:]]“, и труди се да користиш чисто литературни имиња, и имиња од македонско потекло (пр. не карбохидрати туку јаглехидрати). пријателски совети :) иначе сè друго е супер, welcome aboard. Guitardemon666муабет

Search and replace е ок, само тоа претставува уште еден додатен чекор што би сакал да го избегнам. За литературни имиња/зборови, не се секирај. "Тврдокорен" сум кога станува збор за чистина на јазикот, но, морам да признаам дека малку сум "за'рѓан" кога станува збор за пишување на македонски бидејќи сум веќе 11 години во САД. Зборувам на македонски секој ден, но, не пишувам толку често. :-) Наводниците се проблем. Треба да погледам да видам дали ја има долната на тастатурава. Vkire 00:09, 24 септември 2006 (UTC)

  • епа за наводниците, на македонскиот layout тие се на ШИФТ + 2 (долни) и ШИФТ + 3 (горни)... како и да е, досега практикуваме имињата на градојте или шо и да е од САД да не ги пишиме сосе сојузна држава - пр. Сан Хозе, Калифорнија туку само Сан Хозе... а ако се случи да има статија за некое друго Сан Хозе ќе напишиш ете (како шо прајме досега) Сан Хозе (Мексико) - значи со загради :) значи имаме Портланд, и Портланд (Мејн) (овај првио е орегон, се подразбира)... и то... иначе машала баги големи статииии досега :) good work

Guitardemon666муабет 12:20, 25 септември 2006 (UTC)

абе знам јас за фог и за мист, и знам шо е магла шо е таквото, ама ај сега сложено е облак од капки да биди, а за мејд баш се мислев во шо контекст е, ама ми падна баш како фора слугинка на маглата, демек нешто мистично :) а мома е најпригодно, се мислев баш, ама реков ај вака појако е... мист нека седи магла, а мејд нека биди мома, а иначе за вејл ок е, така? то значи превез 100% :) Guitardemon666муабет 17:58, 26 септември 2006 (UTC)

  • а шо напрај со то со „з“ и „э“ (со руското е) рече ќе видиш ќе смениш. ако не најде ништо ај ќе се распрашам кај некој другари со мек да видам шознат ќе ти кажам...