Добредојде!

Здраво, Marija kosturanova, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --iNkubusse A? 15:38, 9 јуни 2010 (CEST)Одговори

Помош уреди

Здраво. Приметив дека правите тест-уредувања на Разговор за Википедија:Селска чешма (Википолитика). Тестирањето е сосема во ред, но се прави на други страници, специјални за таа намена. Главното место за пробување за нови корисници, најчесто нерегистрирани, е „песокот“, но ако сакате можете да си направите своја потстраница за тестирање (или други намени). Потстраница се прави со коса црта по вашето целосно корисничко име, вака: Корисник:Marija kosturanova/ИмеНаПотстраница. На пример, Корисник:Marija kosturanova/Песок или Корисник:Marija kosturanova/Тест (мора да биде точно вашето корисничко име и да го има префиксот „Корисник:“). Слободно кликнете на една од тие две и можете да пишувате внатре што сакате.

Патем, да ви посочам неколку стилски детали што се општоприфатени на Википедија.

  • Статиите секогаш имаат „почетен дел“. Тоа се еден, два или три параграфи што кажуваат нешто општо за темата, и секогаш се наоѓаат пред првиот поднаслов. На пример, во вашиот пример, првиот пасус на страницата треба да претставува почетен дел. Сè што треба да направите е да го отстраните првиот поднаслов. Поднаслови се прават со два, три или повеќе знаци еднакво околу текстот. Пример:
== Опсег ==

Ако има три знаци еднакво, тоа е поднаслов од втор ред (поднаслов на поднасловот), ако има четири знаци еднакво, тогаш е од трет ред, итн.

  • Поднасловите самите се со задебелени букви. Вие не треба да додавате три апострофи од двете страни (=='''Вака'''== не треба). Само треба да напишете ==ИмеНаПоднаслов==.
  • Референци (патем, претпочитаме „Наводи“) се додаваат меѓу ознаките <ref> и </ref>, на пример вака:
<ref>McQuail, Denis. (2005). Mcquail's Mass Communication Theory. 5th ed. London: SAGE Publications. </ref>
Само вметнете го текстот што сакате да се појави како фуснота на местото каде што сакате да има знакче [1] и самото ќе се појави. Кога уредувате, горе во алатникот (веднаш над полето за уредување) има икона што автоматски додава ознаки ref околу вашиот текст; се наоѓа на второ место од десно, веднаш до K:. За да се појават наводите долу на страницата, треба го да додадате или шаблонот {{наводи}} или ознаката <references /> (малку подолу од полето за уредување имате помошен текст што кога ќе го кликнете, автоматски го додава следното на местото каде што сакате (обично долу, веднаш НАД „Надворешни врски“):
== Наводи ==
{{наводи}}
Побарајте го ова, се наоѓа веднаш под полето за уредување (и предупредувањето за заштитени текстови), напишано со плави букви „== Наводи == {{наводи}}“.

Сево ова можете да го испробувате на ваша потстраница, како што кажав погоре (на пример Корисник:Marija kosturanova/Песок). Ако имате било какви прашања, слободно можете да ме прашате на мојата корисничка страница. Поздрав и среќно уредување! --iNkubusse A? 23:27, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори