Iva50
Сезонска компонента
Кај месечните и кварталните временски серии на различни појави често пати можат да се јават варијации кои периодично се повторуваат од година во година. Овие варијации настануваат како резултат на влијанието на сезоната и ја претставуваат сезонската компонента на временската серија.
Методи за анализа на сезонската компонента се :
1.Метод во однос спрема општиот месечен(квартален) просек
2.Метод на односи спрема подвижните средни големини
3.Метод на односи спрема трендот
1.Метод на односи спрема општиот месечен (квартален) просек
-Утврдувањето на показателите на сезонските влијанија се состои од тоа што од оригиналните податоци се елеминираат варијациите кои се резултат на трендот на циклични и случајни влијанија. Интензитетот на сезонските влијанија се изразуза со помош на сезонски индекси.
2.Метод на односи спрема подвижните средни големини -Со него се пресметувааат сезонски индекси и за месечните податоци. Постојат специфични сезонски индекси и типични сезонски индекси. Специфични сезонски индекси- го иразуваат интензитетот на сезонската компонента во секоја сезона од годината. Типични сезонски индекси- го изразуваат интензитетот на сезонската компонента во секоја сезона за повеќе години заедно.
3.Метод на односи спрема трендот -Утврдувањето на сезонските ритми, корегираните сезонски индекси може да се врши и со примена на верижни индекси, сезонските индекси се утврдуваат врз основа на месечни или тримесечни процеси или врз основа на медијаната на верижните индекси на серијата.
Започнете разговор со Iva50
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Почнете нов разговор за да се поврзете и соработувате со Iva50. Она што ќе го напишете тука ќе биде јавно видливо за сите.