Filip M Bot
Здраво до сите. Jа симнав Бот алатката и мислам дека е одлична. Ќе ни овозможи не само брзо да формираме статии со унифицирана структура, туку и потоа лесно да ги одржуваме. Mислам дека е многу подобро да имаме структура во која после секој ќе може да пополнува (евентуално и да ја менува каде што е потребно), отколку да имаме празни статии, па секој да ги форматира како што ќе му текне. Слично како што е полесно да се пополни формулар, а потешко да се напише есеј на празен лист хартија.
За сега уште ја учам алатката, ама ако некој има идеи што се може и треба да додадеме, менуваме, унифицираме... слободно предлагајте.
Поздрав, --Filip M Bot 23:13, 14 Март 2006 (UTC)
Значи доделиле бот статус. Супер, сега може да се почне со работа :) Пред да пушташ некои задачи, прашај на порталот 1-2 дена претходно, да знаат сите. Кога ти пишуваш (не ботот), логирај се како Корисник:Filip M, бидејќи сите промени на ботот не се регистрираат во делот Скорешни промени. Кога веќе знаеме како работи ботот, може да почнеш со вметнување на текст за Општините во Македонија. Податоците ги групирав во следната табела, а направив и инфо-кутија. --Misos 19:09, 24 Март 2006 (UTC)
- Одлично. Можеш ли да направиш инфо кутија и за селата. Откога ќе ги завршиме општините, добро е да внесеме шаблони и за селата. Јас нешто почнав со селата во Струмичко. Погледни и предлагај како да го направиме шаблонот подобар. --Filip M 19:33, 24 Март 2006 (UTC)
Направи и за бланко после запирка: Овој,текст ==> Овој, текст; Поздрав --Aleksandar SK 20:28, 24 Март 2006 (UTC)
еј
уредиова со бугарските села и општини нема смисла шаблонот да е истиот, незнам дали работиш на некој друг шаблон за бугарија ама вака малце е неубо :/ да пиши села и општини во македонија за бугарски села и општини... види среди го Guitardemon666муабет 12:16, 26 септември 2006 (UTC) и кој јузер го користиш овај со ботот или Filip M?
- И јас се двоумев како да го направам шаблонот. Сакав да направам посебен шаблон за Пиринска Македонија, ама нешто не ми успеа. Ај ќе пробам уште еднаш. Инаку ботот го користам кога ги додавам шаблоните за општините и селата, за да не се преплави „Скорешни Промени“. Така правевме и за селата и општините во Република Македонија. --Filip M 13:21, 26 септември 2006 (UTC)
- Филип, прекини со внесувањето на општините, нема никаков конзензус за такво нешто. Сите внесени статии ќе ги избришам. --Милош 17:45, 26 септември 2006 (UTC)
- Зошто? Така направивме и за општините и селата во Република Македонија. И ете сега статиите полека се пополнуваат. Шаблонот го променив во Пиринска Македонија. Што друго е проблем? --Filip M 19:21, 26 септември 2006 (UTC)
- За тие статии се договоривме дека ни требаат. Пак, и од нив добар дел уште стојат празни. За местата од Пиринска Македонија сум сигурен дека подолго време ќе седат празни. На 8000 статии нови 1000 никулци е многу според мене. Друга работа, тој шаблон не врши работа. Може да се земе изгледот, ама во ново име/параметри и сл. Не е лошо да се провери како бугарите го средиле тоа (мислам дека имаат и карти). --Милош 19:55, 26 септември 2006 (UTC)
- Зошто? Така направивме и за општините и селата во Република Македонија. И ете сега статиите полека се пополнуваат. Шаблонот го променив во Пиринска Македонија. Што друго е проблем? --Filip M 19:21, 26 септември 2006 (UTC)
- Јас го консултирав бугарскиот (и српскиот и хрватскиот шаблон) уште кога го правев шаблонот за македонските села. Шаблонот можеме и накнадно да го прошириме со нови елементи, или да го дотераме естетски, и тоа автоматски ќе се рефлектира во сите села/општини што му припаѓаат. Инаку што се однесува до полнењето на статиите, јас на ова гледам како на изградба на инфраструктура, која ќе им служи на оние што ги имаат податоците. Јас имам нешто податоци за селата во Пиринско, нешто ќе преземеме од бугарската википедија. Мислам дека е подобро да постои шаблон, зашто кога ќе го пронајде шаблонот некој што има податоци, ќе му биде лесно да ги додаде. Ако нема шаблон, ретко кој ќе се нафати да прави шаблон. А и ако се нафати, ќе имаме толку разни шаблони колку што имаме правачи. --Filip M 20:44, 26 септември 2006 (UTC)
- Според сегашниот број на статии (и нивниот квалитет/големина), мислам дека не ни треба вакво нешто. Ако е за инфрастуктурата, можеме на статиите за соодветните области (пр. Софиска) да ставиме напомена кај новите статии за места од таа област да се користи тој и тој шаблон или сл. Инаку ако тргнеме со градење на структура, од ср.вики можеме да земеме податоци за сите места во Франција (над 10.000), би ги додале и нив!? Во секој случај, треба да се бара согласност пред да се тргне со било какво масовно додавање на над 50-на никулци. --Милош 11:06, 27 септември 2006 (UTC)
- Јас го консултирав бугарскиот (и српскиот и хрватскиот шаблон) уште кога го правев шаблонот за македонските села. Шаблонот можеме и накнадно да го прошириме со нови елементи, или да го дотераме естетски, и тоа автоматски ќе се рефлектира во сите села/општини што му припаѓаат. Инаку што се однесува до полнењето на статиите, јас на ова гледам како на изградба на инфраструктура, која ќе им служи на оние што ги имаат податоците. Јас имам нешто податоци за селата во Пиринско, нешто ќе преземеме од бугарската википедија. Мислам дека е подобро да постои шаблон, зашто кога ќе го пронајде шаблонот некој што има податоци, ќе му биде лесно да ги додаде. Ако нема шаблон, ретко кој ќе се нафати да прави шаблон. А и ако се нафати, ќе имаме толку разни шаблони колку што имаме правачи. --Filip M 20:44, 26 септември 2006 (UTC)
(unindent) Милош, на крај памет не ми беше да внесам статии за сите села и општини во Бугарија. Истото важи и за француските и шпанските села. За такво нешто ниту има потреба, ниту јас имам време и нерви. Селата и општините во Пиринска Македонија се сосема друга работа. Многу историски настани и личности се поврзани токму со Пиринска Македонија (Јане Сандански, Кресненското востание, итн, итн...) и мислам дека е потребно да ги имаме тие статии, за да направиме врски кон тие настани и личности. Освен тоа, на македонската википедија имаме неколку корисници кои се од Пиринска Македонија, и тие можат најдобро да придонесат за пополнување на овие статии. Во однос на останатите области од Бугарија, Пакко отвори статии за нив (по една за секоја област) и прилично добро ги транслитерираше имињата на градовите и селата. Јас веројатно само ќе извршам корекции во однос на вокалното Р, а сè друго ми се гледа добро транслитерирано. --Filip M 13:30, 27 септември 2006 (UTC)
И јас сум на исто мислење со Милош. Нема потреба од создавање на празни статии кога нивниот број и така е преголем. Има некој податок колкав е бројот на празни статии на македонската википедија? 30, 40, 50%? Зарем на ваков начин сакаме да оставиме впечаток дека има многу статии на нашата википедија? Јас дури и сум за тоа да не се бројат празните статии како статии, а не вака козметички да се зголемува бројката на статии и да се чаталиме со нешто што не соодветствува на фактичката состојба (Zdravko 10:06, 30 септември 2006 (UTC))
идеја
уредиами ок, ај да речиме дека не го прајме ова за појќе статии да имаме, ама ко веќе прајме празни статии за бугарски села, мислам дека не е илегално да се има статии и за годините п.н.е. пошто тие барем ќе се пополнат како така (барем појќе од овие бугарските — а и немаме такви статии за години пред нашата ера, а ни за векојте пред нашата ера) мислам дека до 2000 п.н.е. или барем до 1000 п.н.е. е доста (1000-2000 појќе во википедијата, барем оправдано). дадов јас ваков предлог, ама никој не ми обрна внимание guitardemon666 муабет guitardemon666
- Не правиме статии за бугарските села, туку за селата од Пиринска Македонија. За тие села имаме и интерес и познавања. Јас немам ништо против да се отворат статии и за годините. И тоа е инфраструктура која треба да постои. Поздрав. --Filip M Bot 14:47, 29 септември 2006 (UTC)
- Јас сум против да се отвараат нови празни статии за годините, особено што имаме толку празни статии и сега. Бев сведок на еден спор на англиската Википедија каде статии за години во кои ништо позначајно не се случило се кандидираа за бришење - и тоа со право: што конкретно се случило на пр. во 685 пр.н.е.? Ги прашав и за аспектот дека е полесно за корисниците да додадат нова информација ако имаат празен шаблон, ми ја посочија и другата острица: "Корисниците што налетуваат на многу празни статии мислат дека тоа е се што има". Конкретно за македонската Википедија мислам дека тоа повеќе е случај, така што мислам дека нови празни статии е лоша идеја во овој момент (околу половина од статиите ни се празни, луѓе!) --FlavrSavr 17:02, 29 септември 2006 (UTC)
- Јас имам друга идеја, со статиите за селата - постојат податоци за географската должина и ширина на селата во Македонија на овој сајт (во зип фајл). Истите податоци треба да се вметнат во табелите, а од истите податоци може да автоматски да се генерираат мапи како оваа на бугарската Википедија за Скопје или за Велгошти. Треба да се средат и статиите за општините, и тука повторно статиите на бг.вики може да ни послужат за пример. Мислам, срамота е самиот факт што тие имаат подобри статии за оваа тематика од нашите!--FlavrSavr 17:02, 29 септември 2006 (UTC)
- Дека треба да се работи на пополнување на статиите, нема збор. Прашање е кој кога и колку има време. Сепак мислам дека е полесно да се пополнува во статии кои веќе имаат формат, отколку да се почнува од ништо, па секоја статија да има сосема различен формат. Јас ќе ги довршам уште селата од Сандански и со Пиринска Македонија сме готови. За Егејска малку ќе почекаме. Треба да се соберат податоци за старото и за новото име на градовите и селата, и тоа ќе однесе баеги време. --Filip M Bot 18:50, 29 септември 2006 (UTC)