Бизнис план

уреди

бизнис план или процес на бизнис планирање е тема која е позастапена на претприемач. Ова е поради фактот што бизнис планот е еден од елементите кои содржат бизнис потенцијална енергија, но и еден од елементите кои таа бизнис потенцијална енергија ја трансформираат во кинетичка енергија, односно во профитабилен и успешен бизнис. Колку бизнис планот е подобар толку и ќе има поголема потенцијална енергија во него. Но, едно од почестите прашања кои се поставуваат е што значи добар бизнис план? Нај едноставен би бил оној бизнис план кој ќе се оствари и кој по остварувањето ќе доведе до зголемување на профитабилноста и успешноста на бизнисот. Но, и поширок одговор би бил: Оној бизнис план кој е реализиран во целост. Добар е оној бизнис план од кој се што е планирано е реализирано. Доколку нешто не е реализирано значи сме планирале нешто што не е реално. Оној бизнис план кој ке овозможи реализацијана финансиските предвидувања. Добар е оној бизнис план кој доведува до успешна реализација на нашите финансиски предвидувања како што се приходи од продажба, маржа, профит, трошоци, готовински тек ... Значи успешната реализација на бизнис планот е мерка за тоа дали тој бизнис план е добар или не.

Креирање на бизнис план

уреди

Креирање на бизнис план е една од најважните задачи при отпочнување на сопствен бизнис. Како што се одвива процесот на креирање бизнис план, ќе произлегуваат прашања или проблеми на кои никогаш не сте помислувале, а кои доколку не се разгледаат на време можат во иднина да предизвикаат сериозни проблеми. Кога планот е направен, вие подобро можете да ги сфатите можностите и потенцијални дупки во бизнисот. Добар бизнис план не е совршен метод за успех, но, се очекува дека следејќи ги насоките при креирање на бизнис план, вашиот бизнис ќе има подобра шанса за успех. Како еден претприемач вие градите нешто. Градите бизнис. Градите процеси, нови производи, услуги ... И тоа е во ред, тоа е вашата задача. Но, дали начинот на кој започнувате со градење е оној вистинскиот? Често пати кога градиме нешто ( бизнис, процеси, нов производ или услуга ) започнуваме со барање на одговор на прашањето како да го направиме тоа и тоа. Во ваква ситуација многу ни е поважно што треба да направиме и кои се чекорите кои треба да ги спроведеме, заборавајќи на суштината - зошто треба да направиме нешто и која е целта или што треба да се постигне со тие наши активности. Затоа наместо како да направиме нешто треба да започнеме со зошто треба да направиме нешто. Зошто нов производ? Зошто ни е потребен нов процес? Зошто започнуваме бизнис? Тоа се клучните прашања од кои треба да започнете да ги барате одговорите пред и да помислите да го направите првиот чекор или да се концентрирате на како.

 Откако ке ги знаете основите ( зошто) ќе можете да се фокусирате на техниките ( како ) бидејќи веќе ќе ги разбирате зошто треба да ги користите тие техники.

Во обратна ситуација, кога започнувате со како без да разберете зошто, веројатноста за успехот е многу помала, бидејќи едноставно техниките се користат без да се има суштинско разбирање за причините за нивно користење. И основите на Лин Стартап претпоставуваат да преживеете доволно пред да останите без пари, време или пак желба ... За да изградите нешто што пазарот ќе го сака, ќе мора да дознаете што сака пазарот уште пред да започнете со градењето. А ова значи дека нема да губите пари и време во градење на нешто едноставно вие мислите дека пазарот го сака, за да после извесен период на макотрпна работа увидете дека никој не купува од вас. Формати на презентација Типична структура на бизнис план за почетен вложен капитал:

  • Насловна страна и табела на содржината
  • Извршна главна содржина
  • Бизнис опис
  • Бизнис контекст анализи
  • Индустриска заедница
  • Конкурентски анализи
  • Пазарни анализи
  • Маркетинг план
  • Операционен план
  • Менаџменски преглед
  • Финансиски план
  • Прилози и важни настани

Отворен бизнис план

уреди

По традиција бизнис плановите беа високо доверливи и наполно ограничени во јавноста. Бизнис планот сам по себе општо се смета за тајна. И покрај тоа, појавата на слободен софтвер и отворен извор го разоткри моделот и ја направи претставата за отворен бизнис возможна. Поимот отворен план значи бизнис план со неограничени број на слушатели. Типично бизнис планот се издава на интернет и е достапен за секого. Во слободниот софтвер и отворениот извор на бизнис моделот, трговските тајни, афторското право и патентите не можат повеќе да бидат разгледувани и користени како ефективни заклучени механизми кои би му обезбедиле витални предности на поединечен бизнис, па поради тоа бизнис планот како тајна е помалку значаен кај тие модели. Додека изворот на отворениот бизнис план е во слободниот софтвер и Libre services зоната, концептот е веројатно употреблив и во други подрачја.