Деловен план

(Пренасочено од Бизнис план)

Бизнис планот е формален извештај составен од одредени цели, причините заради кои се верува дека тие цели се достижни, и план за постигнување на тие цели. Исто така бизнис планот може да содржи и задни информации за организацијата или тимот кој се обидува да ги постигне тие цели.

Бизнис целите може да се дефинираат како цели на профитни и цели на непрофитни организации. Профитните бизнис планови типично се фокусираат на финансиските цели, како што се профит или создавање на богатство. Непрофитните бизнис планови и бизнис плановите на владинита агенција тежнеат кон фокусирање врз организационата задача, која претставува основа за нивната владина состојба или нивната непрофитна состојба при ослободување од даноци; односно и покрај тоа непрофитните бизнис планови може да се фокусираат на оптимизирачкиот приход. Во непрофитните организации при обидот да се израмне задачата преку маргиналност или приход, може да се развие креативна затегнатост. Бизнис плановите исто така може да се стремат кон промени во перцепцијата и квалитетот на потрошувачот, клиентот, плаќачот на даноци, или на една поголема заедница. Бизнис планот кој како свои основни цели ги има промените во перцепцијата и квалитетот се нарекува пазарен план.

Слушатели

уреди

Бизнис плановите може да бидат внатрешно или надворешно насочени. Надворешно насочените планови се фокусираат на цели кои се важни за надворешните акционери, посебно за финансиските акционери. Типично тие имаат детални информации за организацијата или тимот кој се стреми кон остварување на тие цели. Со профитните суштини, надворешните акционери вклучуваат вложувачи и потрошувачи. Надворешните акционери на непрофитните бизнис планови вклучуваат дарители и клиенти на непрофитните услуги. За владините агенции, надворешните акционери вклучуваат плаќачи на даноци, највисоки владини агенции, и меѓународни кредитирачки тела како што се IMF (Интернационален Меѓународен Фонд), Светската Банка, разновидни агенции на UN (Обединети Нации), и банките во развој.

Внатрешно насочените бизнис планови се фокусираат на посредувани цели, кои се побарувани за да се постигнат надворешните цели. Тие може да го покриваат развојот на некој нов производ, нова услуга, нов компјутерски систем, финансиско реорганизирање, обновување на фабрика или реконструкција на организација. Внатрешниот бизнис план многупати се добива преку врска со израмнета картичка за запишување на резултати или список на критично успешни фактори. Ова допушта успехот на бизнис планот да биде проценет користејќи непрофитни мерила. Бизнис плановите кои препознаваат и се стремат кон внатрешни цели, обезбедувајќи само основно управување за тоа како ќе бидат пресретнати се нарекуваат стратешки планови.

Оперативните планови ги опишуваат целите на една внатрешна организација, работна група или отсек. Нацрт плановите, понекогаш познати и како нацрт конструкции, ги опишуваат целите на поединечни нацрти. Тие исто така можат да го адресираат нацрт местото внатре во организационите поголеми стратешки цели.

Содржина

уреди

За повеќе детали околу ова тема, погледнете под Содржина на бизнис план.

Бизнис плановите се алатки за донесување на одлуки. Ова не е утврдена содржина за бизнис план. Поточно речено содржината и форматот на бизнис планот се одредени од страна на целите и слушателите. Бизнис планот треба да содржи каква и да било информација која е потребна во донесувањето на одлука дали да се тежнее кон одредената цел или не.

На пример, еден бизнис план за непрофит може да биде соодветен за дискусијата помеѓу бизнис планот и организационата задача. Банките се доста загрижени за неисплатите во предвидениот рок, па еден бизнис план за банкарски заем ќе создаде убедлива прилика за организационата способност за да се отплати заемот.

Вложувачите на капиталот воглавно се загрижени околу почетната инвестиција, остварливоста, и излезната проценета вредност. Еден бизнис план за нацрт барање на финансиска правичност ќе треба да објасни зошто сегашните извори, претстоечките можности што се во пораст, и виталната конкурентна предност ќе доведе до висока излезна проценета вредност.

Подготвувањето на бизнис план вовлекува широк опсег на знаење од многу различни бизнис дисциплини: финансии, менаџмент за човечки ресурси, менаџмент за интелектуална сопственост, менаџмент за синџир на достава, оперативен менаџмент и маркетинг, помеѓу другото. Може да биде олеснително бизнис планот да се разгледува како колекција од под-планови, каде секој под-план е од некоја главна бизнис дисциплина.

"...секој добар бизнис план може да помогне истиот да стане веродостоен, разбирлив, и привлечен за некој за кој бизнисот е непознат. Пишувањето на бизнис планот не може да гарантира успех, но може да одземе долго време при намалување на веројатностите од неуспех. '

Формати на презентација

уреди

Форматот на бизнис планот зависи од неговиот текст во презентацијата. Не е необично за бизнисите, особено за почетните бизниси, да имаат по три или четири формати за еден ист бизнис план:

  • "An elevator pitch" - триминутно резиме на извршната главна содржина на бизнис планот. Ова обично се користи како проблем за да го разбуди интерест на потенцијалните основачи, купувачи, или стратешки партнери.
  • Орална презентација - оптимистичко забавно слајд шоу и орална нарација која што е потребно да поттикне расправа и да ги заинтересира потенцијалните вложувачи во читањето на презентацијата. Содржината на презентацијата вообичаено е ограничена до главната содржина на бизнис планот, а е проследена со прикажување на клучни дијаграми кои ги покажуваат финансиските трендови и клучните репери во донесувањето на одлуката. Ако некој нов производ е предложен, а времето дозволува негова презентација, демонстрација на истиот тој производ може да биде вклучена.
  • Пишана презентација за надворешните акционери - детално, добро напишан, и едноставно форматиран план наменет за надворешните акционери.
  • Внатрешен операционен план - детален план, опишувајќи ги деталите коишто се потребни за менаџментот, но што можеби нема да им бидат од интерес на надворешните акционери. Ваквите планови на донекаде имаат висок степен на непристрасност и неформалност за разлика од верзијата на плановите наменети за надворешните акционери.

Типична структура на бизнис план за почетен вложен капитал

  • Насловна страна и табела со содржина
  • Извршна главна содржина
  • Бизнис опис
  • Бизнис контекст анализи
  • Индустриска заднина
  • Конкурентски анализи
  • Пазарни анализи
  • Маркетинг план
  • Операционен план
  • Менаџментски преглед
  • Финансиски план
  • Прилози и важни настани

Повторно разгледување на бизнис планот

уреди

Пречекорување на трошоците и дефицит од приходот

уреди

Пресметките околу трошоците и приходот во секој бизнис план заземаат централна позиција околу решавањето на изводливо планираниот вложен капитал. Но често трошоците се потценуваат, а приходите се преценуваат што резултира во понатамошно пречекорување на трошоците, дефицит од приходот, и можна неостварливост. За време на dot-com bubble (1997-2001) ова претставуваше најголем проблем за многу почетни технологии. И покрај тоа, овој проблем не завршува кај технологијата или приватниот сектор; јавните работни задачи исто така рутински страдаат од пречекорување на трошоците и/или дефицит од приходот. Главните причини за пречекорување на трошоците и дефицит од приходот се оптимистичката предрасуда и стратешката погрешна претстава. Со цел да се намали ризикот од пречекорување на трошоците и дефицит во приходот, се разви препорака во општественото предвидување.

Легални и одговорни спорни прашања

уреди

Обелоденување на барањата

уреди

Еден надворешен бизнис план треба да ги наведи сите легални влогови и финансиски одговорности коишто можат негативно да делуваат врз вложувачите. Во зависност од износот на паричните средства кои се покачени и слушателите на кои им е презентиран планот, неуспехот може да има сериозни легални последици.

Ограничување на содржината и слушателите

уреди

Необелоденетите спогодби (NDAs) со трета странка, нецелосните спогодби, конфликти на интерес, приватни влогови, и заштитата на ничии трговски тајни, може сериозно да ги ограничи слушателите на кои им е презентиран бизнис планот. Алтернативно, тие може да побараат од секоја странка кога ќе го прими бизнис планот да потпиеше договор прифаќајќи специјални клаузули и услови.

Ваквата ситуација е доста комплицирана земајќи го предвид фактот дека вложувачите на капиталот ќе одбијат да потпишат необелоденета спогодба пред да го погледнат бизнис планот, што автоматски ги става во неодржлива позиција гледајќи во два независно исти развиени бизнис планови, двата барајќи оргиналност. Во вакви ситуации една од странките можеби треба да развие две верзии на бизнис планот: расклопен план што може да биде употребен за развивање на врска и детален план што ќе се покажува само тогаш кога вложувачите ќе имаат доволен интерест и доверба за да ја потпишат необелоденетата спогодба.

Отворен бизнис план

уреди

По традиција бизнис плановите беа високо доверливи и наполно ограничени во јавноста. Бизнис планот сам по себе општо се смета за тајна. И покрај тоа, појавата на слободен софтвер и отворен извор го разоткри моделот и ја направи претставата за отворен бизнис возможна.

Поимот отворен план значи бизнис план со неограничен број на слушатели. Типично бизнис планот се издава на интернет и е достапен за секого. Во слободниот софтвер и отворениот извор на бизнис моделот, трговските тајни, авторското право и патентите не можат повеќе да бидат разглдувани и користени како ефективни заклучени механизми кои би му обезбедиле витални предности на поединечен бизнис, па поради тоа бизнис планот како тајна е помалку значаен кај тие модели.

Додека изворот на отворениот бизнис план е во слободниот софтвер и Libre services зоната, концептот е веројатно употреблив и во други подрачја.

Употреби

уреди

Вложен капитал

уреди
  • Бизнис план спорови - обезбедуват начин како да вложениот капитал стигне до ветените проекти.
  • Бизнис планови за проценување на вложениот капитал - се фокусираат на квалитативните фактори како екипа.

Јавни понуди

уреди
  • Во јавните понуди, потенцијалните вложувачи може да ги проценуваат погледите на акредитивната компанија.

Во корпорацијата

уреди

Собирање на средства

уреди
  • Собирањето на средства е главната намера на многу бизнис планови, откако тие се поврзуваат со неразделивиот можен *успех/неуспех на ризикот на компанијата.

Целосен менаџмент на квалитетот

уреди

Целосниот менаџмент на квалитетот (TQM) е бизнис менаџмент стратегија која тежнее кон вметнување на сознание за квалитетот во целиот организационен процес. Целосниот менаџмент на квалитетот беше нашироко употребуван во производството, образованието, телефонските центри, владата, и услугите во индустријата, како и во NASA и научните програми.

Правичен менаџмент

уреди

Правичниот менаџмент (MBO) е процес на прифаќање на реалностите во една организација, така што менаџментот и вработените се согласуваат на реалностите и разбираат што се всушност во организацијата.

Стратешко планирање

уреди

Стратешко планирање е еден организационен процес или упатство за одредување на стратегијата на организацијата, и донесување на одлуки врз основа на доделување на изворите за тежнеење кон ова стратегија, вклучувајќи го капиталот и луѓето на самата организација. Разновидните бизнис аналитички техники можат да се употребат во стратешкото планирање, вклучувајќи SWOT (јакост, слабост, можности, и закани за организацијата) и PEST анализи (политички, економски, социјални, и технолошки анализи на организацијата) или STEER анализи кои вклучуваат социјално-културни, технолошки, економски, еколошки, и регулаторни фактори и EPISTELS (амбиентални, политички, социјални, технолошки, економски, легални, и духовни фактори).

Образование

уреди

Бизнис плановите се користат во некои програми во основните и средни училишта за да се изучат економските принципи. Wikiversity го има својот Lunar Boom Town проект каде студентите од сите возрасти може да соработуваат меѓусебно со дизајнирани и ревидирани бизнис примероци и да вежбаат како да ги оценуваат истите при изучување на практични бизнис планирани техники и методи.

Сатири

уреди

Бизнис планот е предмет на многу сатири. Сатирите се користат како образовно средство за да се подобри квалитетот на бизнис планот, а истовремено и за да се изрази цинизмот околу бизнис плановите. На пример,

  • Пет критериуми за успешен бизнис план во биотехнологијата се користени од страна на Дилберт, комичните стрипови, за да ги потсетат луѓето што се не смеат да прават кога истражуваат и пишуваат бизнис план за почетен биотехнолошки бизнис. Scott Adams, авторот на Дилберт, е магистер по бизнис администрација (U.C. Berkeley) и го смета хуморот како средство за критика коешто може да го подобри однесувањето кон бизнисите и нивните менаџери. Тој има напишано многубројни критики за бизнис практики, вклучувајќи и бизнис планирање. Мрежното место Dilbert.com-Games има произведувач за изјави кој ги сатиризира изразувањата често пронајдени во изјавите. Неговата книга The Dilbert Principle-A-Cubicle’s Eye View of Bosses, Meetings, Management Ends and Other Workplace Afflictions (Дилбертовиот принцип-Преградено очно гледиште на газдите, состаноците, менаџментските завршетоци и други мачења на работното место) расправа за слабостите на менаџментот и нивните планови како што се опишани во комичните стрипови Дилберт напишани од страна на Scott Adams.
  • Во статијата “South Park’s” Investing Lesson, The Motley Fool (Разновидниот будала), новинар на “Fool of the Hill” ги користи Underpants Gnomes (гаќите на џуџето) за да ја илустрира заблудата при фокусирањето на целите, без чиста применета стратегија. Епизодата The Underpants Gnomes ги исмејува бизнис плановите на dot-com ерата.