За сликата уреди

Здраво, најдобро би било доколку имате сметка, т.е. корисничко име тука, зашто вака не може баш да се одржува комуникација, но сеедно. Ние, Википедија на македонски јазик, само ја користиме сликата, зашто ако отидете на самата слика ќе видите дека таа е подигната на Ризницата (Wikimedia Commons), склад на слики, аудио и видео материјали, а таму друг проверува дали сликата е нечие дело. Доколку тврдите и понатаму дека сликата е подигната без Ваше знаење слободно пријавете ја злоупотребата за тоа. Повелете врска до сликата на Ризницата (тука), на која се гледа дека сликата била подигната пред две години некој корисник со име Krume. За барање за бришење на сликата, послужете се со врската од левата страна. Во меѓувреме, Вашето уредување ќе биде вратено на страницата за Петар Железаров, во исчекување на дополнителни објаснувања од Ваша страна или пак бришење на сликата од самата Ризница, зашто оваа иста слика се користи и на Википедија на бугарски јазик. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:47, 27 септември 2014 (CEST)Одговори