Владко, ценам тоа што пишуваш на македонската енциклопедија, ама веќе учтиво те замолив ( види ова ), да не пишуваш на бугарски. Тоа го правам од три причини: 1. ова е македонска википедија, и на во нејзините статии треба да се пишува на македонски јазик (дури и да сметаш дека нашиот јазик е западнобугарски дијалект, пишувај на тој дијалект и на азбуката што ја користиме, како пример ќе ги посочам примерите на википедии на дијалекти - алеманската, луксембуршката википедија иако тие официјално се дијалекти) 2. емоционални - не се работи за моите емоции, туку за останатите македонски корисници кои пишувањето на бугарски би го сфатиле како провокација (а во одредени случаи и е) 3. практични - линковите со бугарски јазик и азбука се дупликати. Се надевам дека ќе имаме разбирање, а текстов ќе го преведам и дополнам веднаш штом ќе бидам послободен. Истотака се надевам дека ќе ја почитуваш мојата препорака, таа е во духот на Википедија - за ширење на знаењето и вистината. Поздрав. --FlavrSavr 17:19, 16 Apr 2005 (UTC)

Започнете разговор со Владко

Започни разговор