Равенка на брзина на реакција

Законот за брзината или равенката на брзина на една хемиска реакција е равенка која ја поврзува брзината на хемиската реакција со концентрациите или притисоците на реактантите и постојаните параметри (обично коефициенти на брзината и делумните редови на реакцијата).[1] За да се одреди равенката на брзина за одреден систем, треба да се комбинират брзината на реакцијата со масината рамнотежа за системот.[2] За генеричката реакција mA + nB → C која е без интермедиерни чекори во својот реакциски механизам (односно, елементарна реакција), брзината е дадена со

каде [A] и [B] ја одразуваат концентрацијата на единките A и B, соодветно (најчесто во моли на литар, види моларност); m и n се соодветните стехиометриски коефициенти на рамнотежната реакција; а k е коефициентот на брзината или константа на брзината на хемиската реакција. Вредноста на коефициентот k зависи од условите како температура, јонска сила, површинска област на адсорбентот или ниско озрачување. За елементарни реакции, равенката на брзина може да се изведе од првичните принципи користејќи ја теоријата на судири.

Равенката на брзина за реакција која се одвива во повеќе чекори најчесто не може да се изведе од стехиометриските коефициенти на целокупната реакција; тоа мора да се одреди експериментално. Во равенката може да се вклучени фракционални експоненцијални коефициенти, или може да зависи од концентрацијата на меѓупроизводите.

Равенката на брзина е диференцијална равенка и може да се интегрира за да се добие интегрираната равенка на брзината која ги поврзува концентрациите на реактантите или производите со времето.

Доколку концентрацијата на еден од реактантите остане постојана (бидејќи тој може да е катализатор или да е застапен во поголемо количество од останатите реактанти), неговата концентрација може да биде вклучена во константата на брзина, добивајќи на тој начин псевдоконстанта: доколку B е реактантот чија концентрација е постојана, тогаш . Равенката на брзина на реакција од втор ред е редуцирана до равенка на брзина на псевдо прв ред.

Наводи уреди

  1. IUPAC Gold Book definition of rate law. See also: According to МСЧПХ Compendium of Chemical Terminology.
  2. Kenneth A. Connors Chemical Kinetics, the study of reaction rates in solution, 1991, VCH Publishers. This book contains all the rate equations in this article and their derivation.