Не го поистоветувајте со клубот Тиквеш 2014.

РК Тиквеш — поранешен ракометен клуб од Кавадарци, Македонија.

РК Тиквеш
Целосен називРакометен Клуб
Тиквеш
Основан1955; пред 69 години (1955)
Бои
Клупски бои         
Дресови

Историја уреди

Клубот Тиквеш бил формиран 1955 година при Спортското друштво Тиквеш. Прв тренер бил Лазар Лалков, иницијатори за формирањето на клубот покрај Лалков биле и Ѓоко Мукаетов и Добре Ставров, основоположници на ракометната игра во Кавадарци. За првпат Тиквеш настапил на Републичкото првенство 1955 година кога го освоил второто место зад Работнички.[1]

Клубот бил трипати првак на Македонија (1962, 1964, 1975 година), трипати бил победник и во Купот на Македонија (1958, 1963 и 1970). Тиквеш играл и во Втората лига во поранешна Југославија кога во својот прв настап 1971 година се пласирал на високото седмо мест. Тиквеш играл и во Меѓурепубличката лига во сезоната 1980/81, притоа освојувајќи го второто место.[1]

Забележителни играчи од овој период биле Пане Малинков, браќата Симон и Јован Ќурчиеви, Јордан Илков, браќата Анѓушеви, Миодраг Мицајков, Зарков, Зафиров, голманот Ризов, Камчев, Масларков.[1]

Успеси уреди

Првак (3):1961/62, 1963/64, 1974/75.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „РК Тиквеш“. Реално Кавадарци на Facebook преку web.archive.org. 4 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 31 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)