Пуручуко
Пуручуко (шпански: Puruchucu, кечуански: Puruchuqu) е археолошки локалитет во Перу. Пуручуко бил административен центар на Тавантинсују во периодот од 1438 до 1533 година. Денес наоѓалиштето се наоѓа во округот Аре во Лима.
Историја
уредиИзградбата на овој комплекс е покрената од Империјата на Инките (Тавантинсују). Пуручуко се наоѓа во секторот Уакеронес, место кое има пирамидални структури каде се наоѓаат едини од најголемите гробни места во Империјата на Инките.
Наоѓалиштето бил откриен од Артуро Хименес Борха во периодот од 1959 до 1961 година.[1] Денес на наоѓалиштето има музеј,[2] кој е прв туристички модел од овој вид во Јужна Америка.
Голем дел од објектите се вандализирани, а голем дел градежни компании оштетуваат и околни археолошки наоѓалишта.
Наводи
уреди- ↑ Gary Urton; Carrie J. Brezine (October 1997). Richard L. Burger; Craig Morris; Ramiro Matos Mendieta (уред.). Variations in the Expression of Inka Power (PDF). Dumbarton Oaks Research Library and Collection. стр. 363. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-16. Посетено на 2020-08-09.
- ↑ Museo de Sitio Puruchuco
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |