Пункова Скала

врв на Беласица

Пункова Скала (бугарски: Пункова скала) — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.974 м.

Пункова Скала
Пункова скала
Поглед на врвот Пункова Скала
Највисока точка
Надм. вис.1.974 м
Координати41°19′15″N 23°08′19″E / 41.3208° СГШ; 23.1386° ИГД / 41.3208; 23.1386
Друго имеПункова скала
Географија
Пункова Скала на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Валовишко, Егејска Македонија
Матичен венецБеласица
Карта

Се издига на главното планинско било, западно од врвот Конгур и источно од врвот Дебело Брдо. Има стрмни карпести падини, особено на јужната страна. Пункова Скала има две врвни точки, од кои западната е повисока. Сочинета е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 27.

На топографските карти врвот е погрешно обележан како Пунктова скала.[1]

Искачување

уреди

Главниот приодни места за искачување на Пункова Скала се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди