Дебело Брдо (Беласица)

врв на Беласица

Дебело Брдо (бугарски: Дебело бърдо) — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.951 м.

Дебело Брдо
Дебело бърдо
Поглед на врвот Дебело Брдо
Највисока точка
Надм. вис.1.951 м
Координати41°19′11″N 23°08′51″E / 41.3198° СГШ; 23.1474° ИГД / 41.3198; 23.1474
Друго имеДебело бърдо
Географија
Дебело Брдо на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Валовишко, Егејска Македонија
Матичен венецБеласица
Карта

Се издига на главното планинско било, западно од врвот Пункова Скала и источно од првенецот Радомир. На север од него се одвојува Дебели Рид. Има куполест облик и благи падини. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Врвот е обележан со граничната пирамида бр. 26.

Искачување

уреди

Главниот приодни места за искачување на Дебело Брдо се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 253. ISBN 954-90006-1-3.