Пулавски Округ

округ во Лублинското Војводство, Полска
(Пренасочено од Пулавски округ)

Пулавски Округ (полски: powiat puławski) — округ во Лублинското Војводство, источна Полска. Воспоставен е на 1 јануари 1999 г. согласно реформите донесени претходната година. Седиште и најголемо населено место е градот Пулави, сместен 46 км северозападно од Лублин. Други поголеми населени места во округот се гратчињата Наленчув (23 км југоисточно од Пулави) и Кажимјеж Долни (11 км јужно од Пулави).

Пулавски Округ
Powiat puławski
округ
Знаме на Пулавски ОкругГрб на Пулавски Округ
Местоположба во Лублинското Војводство
Местоположба во Лублинското Војводство
Земја Полска
ВојводстваЛублинско
СедиштеПулави
Општини11
Површина
 • Вкупно933 км2 (360 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно116.829
 • Густина130/км2 (320/ми2)
 • Градскo57.654
 • Селско59.175
Рег. таб.LPU
Мреж. местоpulawy.powiat.pl

Округот зафаќа површина од 933 км2. Во 2006 г. броел 116.829 жители, од кои 49.839 живееле во Пулави, 4.243 во Наленчув и 3.572 во Кажимјеж Долни. Останатите 59.175 жители .

Околни окрузи

уреди

Пулавскиот Округ се граничи со следниве окрузи: Ричкиот на север, Лубартувскиот и Лублинскиот на исток, Ополскиот на југ, Зволењскиот на запад и Коженичкиот на северозапад.

Управна поделба

уреди

Округот е поделен на 11 општини, од кои една е градска, две се градско-селски и осум се селски. Тие се следниве;

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2011)[1]
Седиште
Пулави градска 50,5 49.793
Баранув селска 85,0 4.118 Баранув
Вонволница селска 62,2 4.863 Вонволница
Жижин селска 128,7 6.584 Жижин
Јановјец селска 79,0 3.673 Јановјец
Кажимјеж Долни градско-селска 72,5 6.977 Кажимјеж Долни
Коњсковола селска 89,6 9.048 Коњсковола
Курув селска 101,3 7.827 Курув
Маркушув селска 40,4 3.070 Маркушув
Наленчув градско-селска 62,9 9.328 Наленчув
Пулави селска 160,8 11.703 Пулави *
* седиштето не е дел од општината

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди