Птичје млеко
Ornithogalum umbellatum
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Monocotyledoneae
Ред: Asparagales
Семејство: Hyacinthaceae
Род: Ornithogalum
L.
Видови

Во текстот.

Птичје млеко (лат. Ornithogalum) — единствениот род од племето Ornithogaloideae од потсемејството Scilloideae. Ботаничкото име на ова племе е изведено од грчките зборови ornis што значи птица и gala што означува млеко. Распространетп во Европа, Западна Азија и Африка.

Опис

уреди

Ова се многугодишни тревести растенија. Тие се отровни (содржат карденолиди од типот на конвалатоксин и конвалозид).[1] Овие геофити образуваат луковици. Неколкуте базални листови се едноставни, тревести и меснати. Лисните рабови можат да бидат мазни или влакнести.

Две или повеќе цветови се наоѓаат заедно во вид на гроздести соцветија. Во соцветијата се среќаваат мали мембранозни прицветници. Цветовите се хермафродитни и радијално симетрични. Постојат шест прашници и три споени плодни листови кои образуваат шестделен плодник. Столпчето е кратко со едно- или триделна стигма. Во капсулестите плодови созреваат сферични или јајцевидни семиња.

Видови

уреди

Родот се состои од околу 200 видови (34 во Европа).

Наводи

уреди
  1. Опис на флората на Северна Америка. (на англиски)