Психологија на мирот

Психологија на мирот (или Мировна психологија) е огранок на психологија и мировните истражувања кои се занимаваат со психолошките аспекти на мирот, конфликтот, насилството и војната. Мировната психологија може да се одликува со четри меѓусебно поврзани столбови (1) истражување, (2) образование, (3) пракса и (4) застапување.[1] Првиот столб, истражување, е најобезбеден во овој напис.

Мировните психолошки активности се засноваат на психолошки модели (теории) и методи; тие обично се нормативно врзани во нивните средства и цели, работејќи кон идеалот на одржлив мир користејќи (колку што е можно) ненасилни средства. Насилството и мирот обично се дефинираат во однос на проширената концептуализација на мирот на Јохан Галтунг[2][3], според која мирот не е само отсуство на лично (директно) насилство и војна (= негативен мир), туку и отсуство на структурно (индиректно) и културно насилство (= позитивен мир).[4] Идеалот на мирот, исто така, може да се концептуализира како сеопфатно спроведување на човековите права (граѓански, политички, економски, социјални и културни права); ова, меѓу другите цели, треба да обезбеди задоволување на основните човечки потреби, како што се позитивниот личен и социјален идентитет, чувство на контрола, безбедноста, (социјалната) правда, благосостојбата, безбедното опкружување и пристап до соодветна храна и засолниште.[5]

Наводи

уреди
  1. „モンドセレクションを受賞したアイテム“. www.peacepsych.org (јапонски). Посетено на 2018-11-24.
  2. Galtung, Ј (1969). „Violence, peace, and peace research“. Journal of Peace Research (6. изд.). 3: 167–191.
  3. Galtung, Ј (1990). „Cultural violence“. Journal of Peace Research (27. изд.). 3: 291–305.
  4. Christie, J. D.; Wagner, V. R.; Winter, D. D. (2001). Introduction to peace psychology. In D. J. Christie, R. V. Wagner, & D. D. Winter (Eds.), Peace, conflict, and violence: Peace psychology for the 21st century. Englewood Cliffs, NJ: Prentice-Hall. стр. 1–13.
  5. Tropp, R. L. (2012). „Understanding and responding to intergroup conflict: Toward an integrated analysis“. The Oxford handbook of intergroup conflict. Oxford: Oxford University Press.: 3–10.