Розова марара
Розова марара (латински: Pseudoweinmannia lachnocarpa) е дрво кое расте во дождовни шуми во источна Австралија. Во местата каде расте дрвото е познато и како розово дрво и црвена карабина. Името lachnocarpaе старогрчки збор и значи „волненото овошје“. Името на родот се однесува на сличноста со друг род, Weinmannia,кое пак е именувано по германскиот фармацевт во XVIII век, Ј. В, Вајнман.
Розова марара | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pseudoweinmannia |
Вид: | Розова марара |
Научен назив | |
Pseudoweinmannia lachnocarpa (Фердинанд фон Милер) Адолф Енглер | |
Синоними | |
|
Таксономинја
уредиДрвото е првично опишано од Фердинанд фон Милер како Weinmannia lachnocarpa во 1874 година,[1] а сегашното име го добило во 1930 година од страна на Адолф Енглер. Дрвото е дел ода семејството кунониеви растенија.[2]
Живеалиште
уредиОва дрво се наоѓа во премните дождовни шуми, на подобро алувијални и вулкански почви со високи врнежи. Во речните, литоралните, тропските и суптропските дождовни шуми од реката Ричмонд, Нов Јужен Велс до Куктаун во тропските Квинсленд.[3]
Опис
уредиТоа е големо дрво со височина до 40 метри, и широко од 2,5 метри максимум. Основата на дрвото е често значително и широко поткрепена. Дрвото имса мали гранки кои семазни, сивкасти бели или кафеави. Има зелени и бели овални листови.
Лисјата се по три спротивно на стеблото. Листовите се од 3 до 15 см долги, широки од 1 до 5 см. .[4] Тие се елиптични во форма. Листните вени се подигнати и забележливи на двете површини.
Цвеќе и овошје
уредиВо август се формираат бели цветови, долги околу 5 см. Цвеќињата немаат ливчиња. Овошјето созрева од февруари до април, како јајцева капсула, со пречник од 6 до 9 мм, покриена со златни влакна. Семето е обликувано во форма на јајце, со пречник од 1 mm. 'Ртење од свежо семе е несигурно.
Наводи
уреди- ↑ Предлошка:APNI
- ↑ Предлошка:APNI
- ↑ Floyd, A.G., Rainforest Trees of Mainland South-eastern Australia, Inkata Press 2008, ISBN 978-0-9589436-7-3 page 116
- ↑ „Pseudoweinmannia lachnocarpa“. PlantNET - NSW Flora Online. Посетено на 2010-06-19.