„Еден ќе мора да си оди“ (протест)

Протестот под мотото „Еден ќе мора да си оди“,[1] бил во организација на Зелената коалиција,на 10-ти јуни 2008 година се одржал масовен мирен протест против рестартот на топилницата во Велес, Македонија.

Опис

уреди

На протестот претходниот ден на 9-ти јуни, му претходел хепенинг во Младинскиот парк, во Велес каде велешките музичари и млади екологисти со дебати и музика испратиле апел за живот во чиста и здрава животна средина. Околу три илјади граѓани се собрале на Плоштадот Сар Маале да го изразат своето незадоволство и да кажат гласно „Не за рестартирање на Топилницата за олово и цинк „МКХ Злетово“. Почетокот на протестот го означил звукот на сирените. Од центарот на Велес симболично кон небото се вивнаа црни балони „Последното црнило во Велес“. Црните балони кои граѓаните ги испуштиле во воздухот ги замениле со зелени балони во своите раце. Со транспаренти и пароли илјадници граѓани мирно марширале чекорејќи пред багерот тие се упатиле до Топилницата каде запалиле свеќи во знак на надеж за живот во чиста и здрава животна средина. д-р Ненад Коциќ, тогашен претседател на ЕД „Вила Зора“[2] од протестот изјавилː: „Во Велес состојбата е навистина катастрофална и многу опасна. Многу е висок бројот на болни и починати од карцином на бели дробови, од бубрежни заболувања, од заболувања на црн дроб и на болни од анемии. И мислам најалармантното, децата во моментот на раѓање во Велес имаат и денес три пати повеќе олово во крвта од дозволеното. На овој протест велешани чекорат зад еден багер. Ако треба ќе ги има сто и десет и ако треба ќе ја урнеме топилницата, порачувале тие.

Собраните велешани ги поздравиле пораките на невладините организации- членки на Зелената Коалиција. Пред капијата на „Сликарот на мртвата природа“ како што ЕГ „Греен пауер“ како што го нарекле загадувачот Топлиницата, ниту обезбедувањето не ги спречило велешани да го изразат својот револт од најавениот рестарт на топилницата. Задно со своите велешани протестирал и градоначалникот Аце Коцевски порачувајќи до медиумите дека е задоволен од масовниот мирен протест преку кои жителите ја изразуваат својата одлучност никогаш повеќе да не се рестартира Топилницата. За медиумите тој изјавил : „Велешани уште еднаш покажаа дека имаат силно развиена еколошка свест. Верувам дека во оваа битка ќе одиме до крај и дека ќе успееме да го заштитиме Велес од рестарт на топилницата“.

Покрај активистите од еколошките и невладините организации, млади луѓе, на овој протест имало и мајки и деца и роднини на деца со церебрална парализа и хронични заболувања, па дури и поранешни вработени во топилницата. Обезбедувањето не им дозволило да влезат во фабриката но тоа не ги спречило присутните уште еднаш гласно да го искажат своето мислење и да порачаат: „Топилница ќе мора да си оди! „ За да бидеме здрави ни требаат одлуки прави„ „Доста ни се мртвородени дечиња и со хронични заболувања“. Пред капијата на Топилница[3] велешани запалиле свеќи за сите болни и мртвородени велешанчиња.

Во тој период најзаинтересирана фирма за купување на Топилницата, била швајцарско-англиската фирма Минеко[4] која купила 63,7 отсто од побарувањата на најголемите доверите на МХК. Нејзиниот претставник во Македонија,бил колумнистот Џејсон Мико.[5] Екологистите како и Игор Смилев тогашен претседател на „Грин Пауер“ и граѓаните преку медиумите го замолиле политичкиот аналитичар Џејсон Мико да си оди од Велес и да продолжи да пишува колумни. Велес уште еднаш одлучно кажал не за Топилницата. Ние сакаме еколошки чист и здрав Велес. Кај јавноста останало прашањетоː „Ќе потоне ли повторно во чад и облаци градот на двата брега на Вардар“?

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Еден мора да си оди

Наводи

уреди
  1. https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/arhiva-nastani1/37-home/topilnica/731-2012-02-13-13-32-39
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-05-24. Посетено на 2024-05-24.
  3. https://www.dw.com/mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/a-3420066
  4. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=46&PID=11436
  5. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=46&PID=11436